Промовирани новите дипломци на ФТУ

Врачени дипломите на 120 студенти кои дипломираа на ФТУ во Учебната 2009/2010 год. Свеченоста традициоално се одржа на Плаошник. Проректорот на Св Климентовиот универзитет на најдобрите четири студенти им врачи награди.

 |  Татјана Маленкова  | 
Diplomci
Дипломци на ФТУ

Пред Св. Климентовиот храм на Плаошник, промовирана нова генерација студенти  кои студиите ги завршија по студиски програми дизајнирани според највисоките стандарди, европскиот кредит трансвер систем, на ФТУ. На  денешната свеченост дипломи им беа врачени на 120 студенти од сите насоки.

„ Нашите дипломирани студенти може да ги сретнете по сите институции“, рече проф. д-р. Цветко Андреески – в.д. Декан на ФТУ.

Проректорот на универзитетот проф. д-р. Пере Аслимоски, ги награди  четирите најдобри студенти  од студиските рограми на ФТУ за Учебната 2009/2010 год. Наградени беа Арнаудов Наум Климент, дипломиран менеџер од хотелско ресторанска насока со просечен успех од 9,53, Ангеловска Злате Елеонора со просечен успех 9,55, од студиската програма Осигурување и од студиската програма Туризам, Прентоска Спасе Каролина со успех 9,43 и Поповска Драган Гордана со просечен успех 9,43.

„Промоцијата на дипломираните студенти претставува  симболично знаење и е симбол на нашата духовност, и на симболичен начин ја покажува одговорноста на новите генерации да дадат свој прилог во збогатувањето на матријалните и духовните содржини на новото време“, рече проректорот на Св Климнтовиот универзитет проф. д-р Пере Аслимоски.

„ Сега во време треба да се нагласи дека треба да им се зголемат шансите да венесат нова енергија во развојните процеси“, истакна проректор на Св. Климентовиот универзитет.

Аслимоски е посебно горд што интересот за студирање на овој универзитет не само што не се намалува, туку од година во година е се поголем.

„ Да, со новите промени во Македонија голем е предизвикот да се студира на ФТУ. И покрај тоа што има и други факултети за туризам во државава, сепак еден и еднствен е овој кој има 40-годиша тредиција“, истакна Аслимоски.
Инаку конкурсот за државните факултети е веќе објавен, а уписите за  идните студенти ќе бидат во месец август. Оние кои ќе изберт продолжување на своето образование на Битолкиот универзитет „Св Климент Охридски“ ќе може да одберат од студиските програми: туризам, хотелско ресторанска насока, гастрономија, исхрана и диететика, осигурување, царина и шпедиција, безбедност и финансиска контрола и гастрономија.

Diplomci

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top