Ознака: плажи

На охридските плажи нема знаци кои ќе ги предупредат капачите

Post Views: 18 Плажите се омилено место во овие екстремно жешки денови, но малкумина знаат дека кријат и безброј опасности. Капачите не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колку е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки, дали има подземни извори и вртлози, дали на оние плажи каде има мост тој е безбеден и тн. Не беше така одамна кога на плажите, посебно на оние уредените и покрај хотелските комплекси постоеја знаци од кои можеа да се добијат вакви информации. Сега од некогашните обележја нема ниту траг, а нови не се сетил...

Continue reading

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани

Post Views: 2 Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Изминатите две недели ние работевме...

Continue reading

Кој ќе се офајди од петте најатрактивни охридски плажи?

Post Views: 1 Седум месеци после наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на охридското крајбрежје општината нема склучено договори за закуп. Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина а градот трпи штети, обвинија советниците од опозицијата во градскиот совет. Постапката за издавање на плажите по објавениот јавен оглас на општината, во моментов е во жалбена постапка пред Второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, велат од локалната самоуправа. Додаваат дека секоја информација во однос на истата, би била нецелосна и...

Continue reading

plazi

Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје

Post Views: 1 На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин. Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат  за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано...

Continue reading

Спасителите од Црвен крст ангели чувари на охридските плажи

Post Views: 3 Во еден ден спасени три животи.  Спасителите на вода, вистински херои,  само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во  базен и едно лице од плажата „Парк“. Спасителите на вода ова лето   подарија вкупно 15  животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле  силата. „Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои...

Continue reading

Утре ќе се знае кој ќе стопанисува со најатрактивните плажи

Post Views: 3 Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид. Неофицијално дознаваме дека до истекување на рокот во општина Охрид бил поднесен само еден приговор и тоа лице што не учествувало на наддавањето кое се одржа на 4 јули. Општината по консултации со Министерството за транспорт и врски утре и официјално ќе  соопшти  кој и под кои услови ќе стопанисува со плажите  Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо, како и за тоа каква ќе биде судбианта на плажата Бела Виста за која не се одржа јавно наддавање...

Continue reading

Средба на Градоначалникот Стојаноски со закупците на охридските плажи

Post Views: 4 Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска одржа работна средба со постојните и новозаинтересираните закупци  на охридските плажи на која се разговараше за текот на постапките околу закупување  на плажите во пресрет на летната туристичка сезона.  Закупците  беа информирани  дека согласно одлуката на градскиот Совет  почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари. Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона , а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови.   Плажите...

Continue reading

Средба на локалната самоуправа со концесионерите на плажи

Post Views: 7 Во големата сала на општина Охрид, утре (17.05.2018 г.), со почеток во 14 часот ќе се одржи средба со концесионерите на плажите. На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.

Continue reading

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Post Views: 2 Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината....

Continue reading

gjubre plaza

Струшките плажи без концесионер-се дават во ѓубре

Post Views: 3 Ќе си земеме за слобода да кажеме дека летната туристичка сезона веќе е во ек. Двата туристички бисери на Охридското езеро, Охрид и Струга се надеваат на одлична сезона. За таа цел, добар дел од плажите на Охридското езеро си добија и свои концесионери, па тие си ги уредиле максимално, ги направиле убави за око. Далеку од убави се за жал оние кои не биле издадени под концесија. Една од плажите кои особено ни го привлече вниманието се наоѓа на струшкото крајбрежје, во близина на Евро хотел. Расфрлани отпади и ѓубре, смет кој не претставува само естетски проблем туку и...

Continue reading

Некои плажи на охридското крајбрежје сеуште немаат спасители и обележани капалишта

Post Views: 0 Некои од охридските плажи кои имаат концесионери и оваа сезона останаа без спасители и обележани капалишта. За помалку од еден месец од почнувањето на капачката сезона езерото однесе две жртви. Од Црвен крст кои се единствени овластени за обуки и издавње на лиценци на спасители на вода информираат дека на охридското крајбржје 40 посто од плажите немаат спасители на вода, а на струшкото крабјрежје тој процент е 50 посто. Тие веќе испратиле до Министерството за транспорт и врски, Капетанија и Локалната самоуправа ажурирани списоци со податоци кои плажи кои се под концесија...

Continue reading

prazna plaza

Струшките плажи се испразнија

Post Views: 0 Празни плажи. Деновиве се забележува драстично намалена фрекфенција на посетители на струшките плажи. Полупразни се и угостителските објекти долж крајбрежјето во делот на Струга. Туристичките работници велат дека влијанието на рамазанските пости е очигледно. Поради тоа и бројот на туристите е преполовен. Шефи Речи концесионер на машка плажа во Струга, вели дека прометот е паднат дури за 80% во споредба со минатиот месец. Тој додава дека туризмот во Струга го прават гостите од Гостивар, Тетово и Кичево. Садик Ала, исто така концесионер на една од струшките плажи, вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top