Некои плажи на охридското крајбрежје сеуште немаат спасители и обележани капалишта

 Некои од плажите на охридското крајбрежје кои се под концесија сеуште немаат спасители и обележани капалишта. На оние капалишта кои немаат концесионер мора да се  постават табли со предупредување. Надлежните најавуваат контроли дали се почитуваат законските обврски од  Законот за внатрешна пловидба. 

 |  Валентина Неловска  | 

Некои од охридските плажи кои имаат концесионери и оваа сезона останаа без спасители и обележани капалишта. За помалку од еден месец од почнувањето на капачката сезона езерото однесе две жртви. Од Црвен крст кои се единствени овластени за обуки и издавње на лиценци на спасители на вода информираат дека на охридското крајбржје 40 посто од плажите немаат спасители на вода, а на струшкото крабјрежје тој процент е 50 посто. Тие веќе испратиле до Министерството за транспорт и врски, Капетанија и Локалната самоуправа ажурирани списоци со податоци кои плажи кои се под концесија не го почитуваат Законот за внатрешна пловидба. Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК укажува од потребата да се заштитат капачите и на капалиштата кои не се под концесија.

„Многу е важно капалиштата кои немаат концесионер, а за нив се грижи државната или локалната власта да воспостават безбедносни услови или да се обележат дека секој кој ги користи капалиштата тоа го прави на сопствен ризик“, напоменува Точков.

Од Капетанија најавуваат засилени контроли дали концесионерите го почитуваат Законот за внатрешна пловидба. Заедно со мешовити тимови ќе се вклучат во инспекциски надзор.

„Наидуваме на потешкотии некои ингеренции ни се поклопуваат и косат со ингеренциите на ЛС. Екипите ќе се од мешовит карактер. Се информиравме кои плажи се под концесија кој ги издава ЛС и да видиме кој договори се од правни и физички лица кои ги концесинонираат плажите“, кажува Устијансоки.

Капетанија ќе преземе соодветни мерки за оние кои нема да го почитуваат Законот и немаат ангажирано спасители на вода и обележани капалишта. Апелираме концесионерите да си ги завршат своите закоснки обврски затоа што казните се ригорозни, напоменува Устијаноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top