Ознака: плажа

struga

Повторно инцидент со струен удар на женска плажа Струга

Post Views: 94 46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа,  при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење. „Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа...

Continue reading

Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди

Post Views: 3 На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна количка...

Continue reading

Десет години плажа ресторан Потпеш

Post Views: 3 Десет години плажа Потпеш. Една од најубавите плажи на охридското крајбрежје, плажа ресторанот Потпеш кај Канео синоќа го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Оваа плажа која со многу труд и љубов беше уредена во 2007 год. набргу потоа стана едно од најпосетуваните места на брегот на Охридското Езеро. Еден од сопствениците, Томе Тримчев вели дека уредувањето на ова прекрасно катче на охридското крајбрежје и претворање во она што е денес бил негов дамнешен сон. „Исполнување на мојот сон, исполнување на сонот на могу охриѓани. Со многу труд од една обична депонија ова...

Continue reading

plaza

Охридското здружение Мобилност не се откажува од плажа за инвалиди

Post Views: 6 Со примена на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет од ОН во земјава, не очекуваме 100 постотна примена на ратификуваните права, но ќе настојуваме да ги подобруваме и менуваме поважните сегементи во животот на лицата со инвалидитет, напоменува Венко Голабоски од ЗГ Мобилност, Охрид. Додава дека работат на отстранувањето на физичките бариери и поголема пристапност на лицата со инвалидитет веќе неколку години со Локалниот акциски план. „Не е се, и не може да биде до крај реализирано, но од центаралното градско подрачје чекор по чекор ги правиме институциите,...

Continue reading

58-годишен Скопјанец загина во сообраќајката кај „Оровничка плажа“

Post Views: 1 На 12-ти август 2021 година, во 18:45 часот кај „Оровничка плажа“ на регионалниот пат Охрид-Струга, се случи сообраќајна незгода во која настрада едно лице. Товарно возило марка „МАН“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Ј.Т. од селото Оровник, општина Дебрца, удрило во пешакот, 58-годишниот Б.С. од Скопје, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција – информираат од...

Continue reading

Камион усмрти пешак кај „Оровничка плажа“

Post Views: 5 Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 19 часот, на патот Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“.  Вечерва околу 19:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршија полициски екипи, поради што сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации во текот на утрешниот ден – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.     извор: ОхридПрес

Continue reading

plaza galeb

„Скалила“

Post Views: 9 Велат времето лечи се, но постојат рани кои тешко заздравуваат. После година дена од трагичниот настан, кога на 11 септември од струен удар загинаа тројца стружани, на местото на несреќета се открива споменик. Утре со почеток во 11 часот, членовите на потесното семејство на загинатите, поточно нивните деца ќе го откријат споменикот. На споменикот покрај иницијалите на починатите, ќе биде напишана посвета од најблиските. Скулптурата е насловена како „Скалила“, и всушност тоа ќе претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината. Споменикот...

Continue reading

bikini

Како изгледале плажите пред појавата на бикини

Post Views: 2 Патувањата на плажа во САД во минатото биле стандардна семејна активност од почетокот на 20 век и со тек на време еволуирале во модерна, крајбрежна активност. Одморите на плажа почнале да стануваат популарни по појавата на железничкиот превоз, како достапно средство за транспорт. Дали некогаш сте се запрашале како изгледале костимите за капење во тој конзервативен свет? Во тоа време постоеле костими за капење, но многу поинакви од она што денес ние подразбираме под костими за капење. Во тој перииод жените носеле целосни широки, сифонски доколенки. Иако во тој период...

Continue reading

struga

Струшките угостители задоволни од туристичката сезона

Post Views: 6 Стружани задоволни од тоа како протече сезоната во ова туристичко место. Но не само тие и гостите видно изненадени од пристапот на угостителите но и од чистотата на закупените плажи. „Доколку ги земеме во предвид сите околности кои може да влијаат на сезоната дали ќе биде успешна или не, а тоа се отворените граници, цените за аранжманите во соседните туристички земји, може да констатираме дека сепак ова за нас ова беше успешна сезна. „ Ние на женска плажа имаме доста гости, доста туристи. Тие беа изненадени – задоволни од уреденоста на плажата. И не само тоа...

Continue reading

Со книга на плажа

Post Views: 4 Молитва за прошка од Јелена Бачиќ Алимпиќ најбарана книга во градската библиотека Григор Прличев. Читателите чекаат ред за да го позајмат и прочитаат овој роман. Го бараат охриѓани, но и гостите кои доаѓаат на подолг период во градов пред се тоа се туристи од Скопје кои остануваат и по неколку месеци во Охрид и кои секоја година се зачленуваат во библиотеката како би можеле и за време на својот одмор да читаат. Покрај овој роман многу барани се и останатите дела на авторката Бачиќ Алимпиќ, а голем интертес има и за хит насловот Девојката врана од Ерик Аксал Сунд, Вистината...

Continue reading

zenska plaza gjubre

Ниту струшките плажи не се спасија од сметот

Post Views: 1 Приказната со комуналните проблеми на Струга како да нема крај. Овој пат, проблемот е забележан на една од Струшките плажи. Граѓаните на Струга и натаму апелираат за што побрзо решавање на овој горлив проблем, но нивните апели завршуваат во вода. Тие ни се пожалија  дека еден дел од Женската плажа кој нема свој концесионер на несовесните граѓани им служи како голем контејнер. Летната туристичка сезона полека кулминира, но за жал кулминираат и проблемите од комуналната сфера. Една од малкуте природни сенки на Женската плажа во Струга, е покриена со смет. Посетителите...

Continue reading

plaa

Од Мобилност бараат плажа во Охрид со адаптиран приод за лицата со инвалидитет

Post Views: 10 Од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност  бараат пристап до најблиската плажа на охридското крајбрежје. Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност, вели дека неколку години наназад бараат неколку плажи на охридското крајбрежје да се пролагодат за лицата со телесен инвалидитет, како и да се прилагодат туш кабини и тоалети. „Имавме поддршка од Министерството за транспорт и врски дека ќе се остари  и реализира тоа што е предвидено во Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top