Струшките угостители задоволни од туристичката сезона

Стружани задоволни од тоа како протече сезоната во ова туристичко место. Но не само тие и гостите видно изненадени од пристапот на угостителите но и од чистотата на закупените плажи.

 |  Татјана Маленкова  | 
struga
Струга

Стружани задоволни од тоа како протече сезоната во ова туристичко место. Но не само тие и гостите видно изненадени од пристапот на угостителите но и од чистотата на закупените плажи.

„Доколку ги земеме во предвид сите околности кои може да влијаат на сезоната дали ќе биде успешна или не, а тоа се отворените граници, цените за аранжманите во соседните туристички земји, може да констатираме дека сепак ова за нас ова беше успешна сезна.

„ Ние на женска плажа имаме доста гости, доста туристи. Тие беа изненадени – задоволни од уреденоста на плажата. И не само тоа туку и  хигиената, чистотата потоа условите …  така да мора да бидеме задоволни од сезоната која изминува, а се надеваме дека наредните денови ќе имаме барем уште малку продолжена сезона“, вели концесионерот  на женска плажа, Боро Симјаноски.

strugaСимјаноски додава дека плажата ќе работои се додека има интерес. Тој се надева на убави денови и добра посетеност и во текот на септември. Задоволен е од тоа како одгорија на побарувачката на гостите.  „Струга по подолго време привлече гости по повеќе фактори“, вели концесионерот на женска плажа. Како причини кои беа клучни за гостите да бидат задоволни Симјаноски ги посочува уреденоста на  плажите но и цените.

„На плажате има ресторан и кафе бар со сосема нормални цени и кои се прифатени и од стружани и од гостите но еве да не го споменувам Охрид цените во соседствот се 20, 30, 40 % повисоки. Кај нас цело лето два чадори и масичка се даваат за 150 денари. Еспресо и кока кола се продаваат за 100 денари“, вели Симјаноски.

Концесионерот на женска плажа задоволен од профитот кој го остварија, со оглед на фактот дека годинава за прв пат оваа позната струшка плажа е уредена од теркот на познатите. Симјаноски оптимист дека од година во година Струга ќе си ги поврати  гостите со цените и квалитетот на услугите кои им ги нуди.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top