58-годишен Скопјанец загина во сообраќајката кај „Оровничка плажа“

58-годишно лице од Скопје го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера во 18:45 часот кај „Оровничка плажа“ на регионалниот пат Охрид-Струга.

 |   | 

На 12-ти август 2021 година, во 18:45 часот кај „Оровничка плажа“ на регионалниот пат Охрид-Струга, се случи сообраќајна незгода во која настрада едно лице.

Товарно возило марка „МАН“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Ј.Т. од селото Оровник, општина Дебрца, удрило во пешакот, 58-годишниот Б.С. од Скопје, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција – информираат од МВР. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top