Ознака: па

jadenje

Патот до срцето води преку желудникот

Post Views: 6 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во  четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења. За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек  со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...

Continue reading

jagnesko meso

Ќе има ли јагнешко на Велигденската трпеза?

Post Views: 5 Што е Велигден без јагнешко? Ова е некое реторичко прашање кое навистина нема потреба да се поставува…или сепак има? Македонската трпеза за големиот христијански празник Велигден традиционално во себе го содржеше јагнешкото месо. Дали од адет, дали поради религиозни побуди или нешто друго, Велигден не може да се замисли без печено јагне. Во последниве години за жал трпезата на обичниот граѓанин се повеќе осиромашува. Ги запрашавме oхриѓани дали тие можат да си дозволат печено јагне за големиот празник. „Тешко, тешко дека ќе имаме јагнешко за Велигден. Како што...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

Lukrecija Maljkovic Atanasovska

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 27 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот. „Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...

Continue reading

medicinska sestra

Охриѓани си го чуваат здравјето

Post Views: 48 Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи. „Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“ „Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме. Треба...

Continue reading

tocak znak

Велосипедска патека за акробати!

Post Views: 7 Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се...

Continue reading

fzom

Истекува рокот за пререгистрација на невработените лица!

Post Views: 0 Се ситнат деновите од месец Март, а пререгистрацијата на невработените оди бавно. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во неколку наврати апелираа оваа пререгистрација да се изврши што е можно побрзо, меѓутоа заинтересираноста засега мала. Дали поради неажурност или неинформираност, од приближно 5.700те невработени лица осигурени на товар на Министерството за здравство, досега во Охрид се пријавиле нешто помалку од половина. Оние малку невработени лица кои ги затекнавме пред подрачното одделение на Фондот, ги запрашавме дали се запознаени со оваа...

Continue reading

kanal

Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Post Views: 2 Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки. „Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол...

Continue reading

pastrmka

Државата сеуште без тендер за концесија на Охридското езеро

Post Views: 4 Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според  Законските прописи,...

Continue reading

MJP Proakva

Дали ќе испилива МЈП „Проаква“?

Post Views: 4 Сега, надеж за спас на МЈП „Проаква“, влева шпанската фирма „Аквалија“. Според најавите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неодамна заедно со охридскиот градоначалник Александар Петрески остварија работна посета во Шпанија, индиции за влез на оваа фирма во ЈП постојат.Во условите за јавно приватно партнерство се дефинирани и останати критериуми кои треба да ги запази хипотетичкиот победник на тендерот. Интересот на Проаква, функционирањето и јавниот сервис према граѓаните на Охрид и Струга, согласно законските регулативи никој нема мандат да го смени и да презема...

Continue reading

kardioloshko

Детска кардиологија во Охрид

Post Views: 4 Од идеја до реализација. Отварање на одделение за детска кардиологија не е само идеја, туку и реална заложба на првиот човек на Центарот за кардиоваскуларно заболувања, Никола Бакрачески. Досега се тече според предвиденото и во најскоро време може да се очекува, во рамките на Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кардиоваскуларните заболувања да профункционира и Одделението за детска кардиологија, вели Бакрачески. Паралелно со заложбите за обезбедување адекватни просторни услови за проширување на Специјалната болница за лекување, рехабилитација...

Continue reading

opshtina Ohrid

Општина Охрид повторно без кредит

Post Views: 1 Охрид пак ќе почека за влез во втора фаза на децентрализација. Иако на 38-та седница, советниците едногласни во изгласувањето на Предлог одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, сепак деновиве општината и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки. Градоначалникот разочаран од оваа одлука, бидејќи од нивна страна се исполнети сите услови за добивање на кредитот. „Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Донесете сега вие одлука, па одлуката застарела, донесете друга одлука,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top