Охриѓани си го чуваат здравјето

Матичните лекари советуваат-подобро да се спречи отколку да се лечи.

 |  Мишел Наумоски  | 
medicinska sestra
медицинска сестра

Како некој Марфиев закон, се чини најмногу си го сакаме здравјето кога ќе го изгубиме. Охриѓани за среќа добро си го чуваат. Оној бурен, современ живот кој се практикува изминативе години, си го зема данокот, а ни носи некои нови болести. Тажната тенденција на се повеќе млади кои заболуваат од условно „болести на постарата генерација“ се чини е доволно предупредување за охриѓани. Тие се почесто се одлучуваат за вршење на редовни здравствени прегледи.

vozilo prva pomosh

„Да, често. Но треба поредовно да се прават прегледи.“

„Превентивни прегледи не вршиме, а кога имаме мака трчаме. Треба нормално и редовно да правиме прегледи, да се одржуваме.“

„Превентивни? Па еднаш. Па би требало почесто, но ние просечно еднаш, два пати.“-велат дел од граѓаните.

Матичните лекари се согласуваат со потребата од ваквите превентивни прегледи. Тие сметаат дека дури и уште почесто би требало да се прават превентивни проверки, а не да се чека појавата на симптомите.

d-r Velice Markoski„Превентивните прегледи кои ги правиме како матични доктори се првата бариера каде што пациентите доаѓаат и треба да му посветиме поголемо внимание и овде е најбрзо откривањето а со самото откривање на болеста треба веднаш да ги насочуваме ако не можеме да ги лечеме во нашиве ординации да ги насочиме во секундарното здравство односно болниците, а оттаму да ги препратиме во терцијарната здравствена заштита.“-вели Примариус Д-р Величе Маркоски-матичен лекар.

Охриѓани не се исклучок во најчестите заболувања. Најголемиот дел од нашите сограѓани се соочуваат со кардиоваскуларни, респираторни заболувања, а според д-р Маркоски во последно време се поголем проблем е и шеќерот во крвта. А денес, по повод 7ми Април, Светскиот ден на здравјето, на 38 пункта во градовите низ државава, па и во Охрид, се вршеа бесплатни мерења на шеќер во крвта. Здружението на лекари на град Охрид, вечерва ја одржува и традиционалната „Бела ноќ“ при што со свечена програма ќе се одбележи денешниот ден.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top