Државата сеуште без тендер за концесија на Охридското езеро

Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење.

 |  Валентина Нелоска  | 
pastrmka
пастрмка

pastrmkaВладата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според  Законските прописи, покрај домашни правни лица може да се пријавуваат и странци. Експерите по аквакултура очекуваат силен интерес за стопанисување со рибниот фонд во текот на 6 години, колку што ќе трае концесијата, со можност за наредно продолжување. Концесионерот ќе има бројни обврски да го штити рибниот фонд, и доколку паметно управува со него ќе може и  да профитира,  велат експертите по аквакултура кои ја изработија Риболовната основа за концесијата.
m-r Zoran Spirkovski

Според студиозната Риболовна програма,  концесионерот првенствено треба да го штити езерото, па потоа да лови од дозволените количини од рибниот фонд. Повторното пријавување за концесионерство, по истекот на првите 6 години од стопанското управување со Езерото, ќе му биде овозможено само доколу се придржува строго на зконските правила. За да се стопанисува со езерските води, државата во престојниот период ќе мора да ги  хармонизира  законските прописи со албанската страна, нагласува раководителот на одделението за аквакултура Зоран Спирковски. „Албанската страна мора да ја примени риболовната основа и да ги определи квотите.  Државата како правен субјект подлежи на ревизија на меѓународен договор за поделба на рибниот фонд на Охридското езеро и мора да има билатерална комисија која ќе одлучува за сите овие моменти“, потенцира Спирковски.

Риболовната основа за Охридскот езеро се  базира врз статистички податоци за рибниот фонд, кои се водат во Хидробиолошкиот институт од 1929 година. Во  неа е предвидено, доколку се увидат негативни промени  врз рибниот фонд за време на концесионерството,  Законски да се намалат количините за лов, па дури и да се стопира концесијата, објаснува Спирковски.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top