Детска кардиологија во Охрид

Шансите да профункционира една ваква здравствена установа која е повеќе од потребна на градот, се големи, најави првиот човек на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Никола Бакрачески.

 |  Билјана Николоска  | 
kardioloshko
kardioloshko

BakraceskiОд идеја до реализација. Отварање на одделение за детска кардиологија не е само идеја, туку и реална заложба на првиот човек на Центарот за кардиоваскуларно заболувања, Никола Бакрачески.
Досега се тече според предвиденото и во најскоро време може да се очекува, во рамките на Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кардиоваскуларните заболувања да профункционира и Одделението за детска кардиологија, вели Бакрачески.
Паралелно со заложбите за обезбедување адекватни просторни услови за проширување на Специјалната болница за лекување, рехабилитација и превенција на кардиоваскуларните заболувања за возрасната категорија на пациенти, сиве овие години се работело и на создавање услови и за детска кардиологија, изјави Бакрачески.
Како што е добро познато во охридската јавност, па и пошироко, објектот на Специјалната детска болница околу 4 години е надвор од секаква функција. Не ретко истата е предмет на бројни политички препукувања во насока Локална – Централна власт, препукувања кои за жал до ден денес не го открија главниот виновник за нејзината незавидна положба. Останува времето да покаже дали заложбите на директорот Бакрачески ќе прераснат во реалност, па после долги години чекање, бројни пациенти кои имаат срцеви заболувања вклучувајќи ги тука и децата ќе си го пронајдат спасот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top