Ознака: Охриѓани

vodici

Чаршиски муабети

Post Views: 0 Реакции и поделени мислења во врска со регуларноста на вчерашното фрлање на светиот крст. Во електорнското писмо кое стигна до нас, се потенцира дека посебна „заслуга“ за незадоволството има владиката Тимотеј,  кој секоја година се напрега да „погоди“ некој од „подобните“. Исто така револтираниот граѓанин реагира и на организацијата на самата манифетсација од страна на здружението „Богојавление“, со зборовите дека ова здружение наместо максимално да се вложи за фер и достоинствен настан, го обезвреднува со плитки оправдувања. Но, како и секоја година и годинава мислењата...

Continue reading

ploshtad

Атмосферата на градскиот плоштад

Post Views: 0 Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им...

Continue reading

nova godina

Дочекот на Нова година полека го губи епитетот најлуда ноќ

Post Views: 3 За поголемиот дел од граѓаните патувањата во странство за дочек на најлудата новогодишна ноќ стануваат далечни. Поголемиот дел од граѓаните од разно рани причини избираат Нова година да ја дочекаат во кругот на семејството и се повеќе се откажуваат од патувањата во странство.И информациите од туристичките агенции за продажбата на аранжманите за патувања надвор од земјата, одат во прилог на констатацијата дека охриѓани се повеќе се одлучуваат Нова година  да ја  слават во домашна атмосфера. Оние кои одлучуваат, пак да отпатуваат надвор од градот ги бираат Истанбул, Прага...

Continue reading

gradinka

Цената во oхридските градинки останува иста

Post Views: 8 По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и вос­пи­ту­ва­ње на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика  излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 де­на­ри на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за до­ма­ќин­ство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не...

Continue reading

smetka

Надградени сметките на ЈП „Нискоградба“

Post Views: 37 Охриѓани ги добија првите сметки од новоформираното претпријатие „Ниско градба“. На нив може да се забележи дека покрај ставката за одведување на отпадни води има и втора ставка одведување на атмосферски води. Трошокот за одведување на отпадни води, досега се наплатуваше во сметките на МЈП Проаква во кои на оваа ставка во новите сметки сега стои „0“ денари. Во првите сметки од „Ниско градба“ надоместот за одведување на отпадни води за физички лица изнесува 57 денари, а за правни околу 100 ден. Неодамна за ТВМ првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски изјави...

Continue reading

zabraneto pusheneje

Да се пушит или не?

Post Views: 7 Веруваат ли Охриѓани уште во Законот за забрана од пушење на јавни места? Ќе се успее ли во спроведувањето на овој закон со кој требаше да се обезбедат средства и за целосно реализирање на националните програми за здравствена заштита на населението како и за лекување на населението од болестите кај кои пушењето е директна причина за смрт? Мислењата на охриѓани, поделени.Институциите надлежни за спроведување на овој закон големи оптимисти. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид, Законот максимално се почитува....

Continue reading

den na drvoto

Охриѓани денес се покажаа

Post Views: 2 Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од  Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид. Портпатолот Василески се пофали дека на...

Continue reading

den na idei

Владина кампања „Ден на идеи 2010“

Post Views: 1 Охриѓани се вклучија во владината кампања „Ден на идеи 2010“. Тие денес на градскиот плоштад ги запишуваа своите предлози со надеж дека ќе стигнат во вистински раце и дека за скоро време владата ќе ги прифати и реализира. Охриѓани на градскиот плоштад ги запишуваа своите идеи и предлози. Голем број од нашите  повоздрасни сограѓани имаа што да и предложат на Владата, верувајќи дека нивниот предлог во голема мера ќе им помогне на останатите. Владината кампања  „Ден на идеи“ Граѓаните за Македонија во  Охрид ја надлегедуваше Министeрството за одбрана со свои претставници. „Преку...

Continue reading

Opshta bolnica

Кои болести ги мачат охриѓани?

Post Views: 1 Дијабетисот, кардиваскуларните заболувања, како и карциномите на гастро-интестиналниот тракт, се болестите кои се во најголем подем во нашиов град. Состојбата со експанзијата на дијабетисот во нашава држава е алармантна, па одтука и во нашиов град. Портпаролот на Општата болница од Охрид, Д-р Сашо Василевски вели дека податоците кои се однесуваат на експанзијата на ова современо заболување во нашиов град, не се ни малку оптимистички. Лечењето на дијабетесот во Македонија е бесплатно, но големиот број на заболени претставува терет на здравствениот буџет, бидејќи третман...

Continue reading

pritvor

Уште 30 дена притвор за осомничените за убиството на Новаковиќ

Post Views: 8 Притворот на седумтемина осомничени за  убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им  е продолжен за уште 30 дена. Имено, истражниот судија  испратил допис до Основниот суд во Охрид дека истражната постапка се уште не е завршена и дека е потребно дополнително време таа да се комплетира. Во текот на минатиот месец биле сослушани поголем број сведоци и биле прегледувани материјалите од безбедносните камери на објектите во чија близина се случи немилиот настан. Во прериодот кој престои ќе бидат изведени нови...

Continue reading

protest

Охридските „студенти“ на национална Тв

Post Views: 1 Вчера, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје, се одржаа студентски протести. На снимката која беше емитувана на  националната телевизиска станица А1, помеѓу сите студенти, присутни беа и охриѓаните: Љубен Арнаудов, директор на Општа болница – Охрид, Тоде Илиески, директор на Библиотеката „Григор Прличев“,  Тане Маркоски – инспектор во Охридската капетанија, и Коле Велјановски –Бикчето, долгогодишен активен член на ВМРО ДПМНЕ. И од толку народ, меѓу анкетираните се погодија токму охридските студенти. Несомнено, според нивните изјави, помеѓу нив постои дилема, дали нивното...

Continue reading

Охриѓани сепак имаат доверба во банките

Post Views: 4 Граѓаните на Охрид имаат долга традиција на штедење, која не била прекината и нарушена и во најтурбулентните времиња. Постојаниот пораст на депозитната база кај двата пазарни сегменти – населението и правните субјекти, укажува на лојалноста на граѓаните кон банката како институцијата. „Парите, доколку ги има се разбира дека се за во банка, а не за под перница“, коментираат граѓаните. Со состојбата од 30.09 2009 год. вкупните депозити на на државно ниво, само во Охридска банка АД Охрид, изнесуваат 4,85 милијарди денари (или околу 79 милиони евра). Притоа 2,1 милијарди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top