Кои болести ги мачат охриѓани?

Кардиваскуларните заболувања и дијабетисот се болестите од кои најмногу страдаат охриѓани.

 |  Крсте Голабовски  | 
Opshta bolnica
Општа болница

VasileskiДијабетисот, кардиваскуларните заболувања, како и карциномите на гастро-интестиналниот тракт, се болестите кои се во најголем подем во нашиов град. Состојбата со експанзијата на дијабетисот во нашава држава е алармантна, па одтука и во нашиов град. Портпаролот на Општата болница од Охрид, Д-р Сашо Василевски вели дека податоците кои се однесуваат на експанзијата на ова современо заболување во нашиов град, не се ни малку оптимистички.

Лечењето на дијабетесот во Македонија е бесплатно, но големиот број на заболени претставува терет на здравствениот буџет, бидејќи третман на еден заболен од дијабетес, државата годишно ја чини 30 илјади денари. Последните статистички податоци говорат  дека во земјава има околу 100.000 заболени, од кои 20.000 не се ни свесни дека се жртви на оваа болест. Секојдневно се зголемува бројот на новите случаи, а загрижува и податокот што на секој регистриран пациент постои и еден нерегистриран. Д-р Василевски вели дека податоците добиени од Центарот за дијабетис во Охрид, говорат за моментална бројка од 6.200 пациенти заболени од дијабетис, од кои, над 1.800 се на инсулинска терапија.

Покрај Дијабетисот, на кој отпаѓаат 6 проценти од светската популација и кој заслужено го носи  епитетот на современа чума, рамо до рамо се и кардиоваскуларните заболувања. кои исто така бележат рапиден пораст, вели Д-р Василевски. Од вкупниот број смртни случаи во земјава, нешто помалку од 60% се предизвикани од срцеви или мозочни удари. Главни виновници за оваа ситуација, покрај факторите на кои не можеме да влијаеме, какви што се стареењето на населението и генетскиот фактор, се и ризиците кои произлегуваат од таканаречениот „современ” начин на живот, како што се стресот, неправилната исхрана, недостатокот од физичка активност и пушењето. Покрај овие болести, последните податоци кои доаѓаат од Општата болница зборуваат и за се поголемиот број на случаи на заболени од карцином на гастро-интестиналниот тракт. Станува збор за болести кои во најчест случај се резултат на современиот начин на живеење, неправилната исхрана и се поинтензивната изложеност на стрес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top