Post Views: 2
Сабота со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“ во режија на Роберт Ристов, а во изведба на Театар “Провокација“ од Скопје.
Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите...
Post Views: 6
Во Охрид се прават бројни хумани акции за да има насмевка на секое детско лице. Новогодишните и Божиќните празници се време за дарување и исполнување на новогодишни желби. Во тој дух разнобојни пакетчиња, украсени со црвени панделки чекаат да израдуваат 60-тина дечиња кои оставија лампиони со нивните желби на „Волшебната елка“ од Црвен крст. Лампионите со новогодишни желби беа реализирани за само неколку дена. Охриѓани несебично ги исполнија специфичните детски желби од семејствата во социјален ризик и од здружението „Тајните на моето срце“. На овој начин децата ќе се...
Post Views: 10
365 дена слободни булевари и нормален сообраќај бараат охриѓани.
–Да не се организираат настани со висок степен на обезбедување, нема ни да знаеме како изгледа бул. Туристичка без паркирани возила.-велат наши сограѓани кои ни испратија слики и видео за „Ти си твојот град“
Погледнете…
https://tvm.mk/video/category/47-ti-si-tvojot-grad/3031-365
Post Views: 8
217 активни случаи на ковид 19 во Охрид со вчерашните 18 и рекордните 26 пред тоа. Градот неколку денови бележи двоцифрени бројки заразени во извештаите од министерството за здравство. Повеќе не можеме да зборуваме за кластери тоа се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места. Некои знаат каде ја добиле инфекцијата, а некои не. Преку 200 лица во изминативе 6 дена добиле решенија за изолција како контакти на потврдени случаи. Од 24 до 30 октомври ќе имаме рекордна бројка на заразени во општина Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков од ЦЈЗ.
„Тоа ќе е бројка, до денес...
Post Views: 7
Хит претставата “Чекајќи го министерот” која ги освојува театарските сцени во месец февруари ќе гостува на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид во сабота, 29.02.2020 година.
Во претставата игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ која публиката ја препознава од култната серија „Бољи живот”, „Жикина династија“ и уште многу големи тв, филмски и театарски проекти.Покрај неа во претставата играат младите и популарни актери: Семир Гигиќ и Сашо Ристовски.
Почеток 20.00 часот, цена на билет 150 денари.Телефон за резервации 046/261-063
Post Views: 6
Охридските ракометни гладијатори во сабота со вистински ракометен спектакл. Во спортската сала „Билјанини Извори“ тие ќе го одиграат воведниот дуел од плеј оф натпреварите во македонската машка ракометна Супер лига против гигантот на македонскиот и европскиот ракомет, екипата на Вардар.
„Среќа или несреќа, првиот натпревар го играме против еден гигант во ракометот, во европски и светски рамки, составен од репрезентативци на Македонија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија, значи една екипа која игра годинава во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а се надевам годинава...
Post Views: 3
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како...
Post Views: 15
По повод Светскиот ден на книгата и авторското НУ Библиотека „Григор Прличев“ спроведе интерна анкета и анализа за тоа што најмногу читаат и кои автори и дела од домашаната и светска литература бараат членовите на библиотеката.
Анализата направена од страна на Оделот за издавање и позајмување на книги по области за 2018 година покажува дека најпопуларни и најбарани се: книгите за деца, стручните и научни книги, љубовните романи , трилерите и книгите чија содржина е податлива за самопомош.
Меѓу првите пет од странската литература ( редоследот е случаен )изгледа вака:
СЕДУМТЕ...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(29), А.Ф.(29) и М.Р.(28), сите од Охрид.
Пријавените, на 31.12.2021 година на бул. „Железничка” во Охрид предизвикале пожар во патничко возило „Ауди”, со охридски регистарски ознаки, што го користел Д.Т. од Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 7
„Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување“.
„Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад. Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме...
Post Views: 22
Непречено функционираат тимовите на Итната медицинска помош во овие зимски денови, информира д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош. Медицинските екипи од брза помош интервенирале на неколку сообраќајни несреќи кои се случиле во околината на Охрид и Дебрца во изминативе денови, згрижувале повредени како резултат на лизгање на мраз, пружиле помош и на повици од хронични болни. За среќа, кај охриѓани се забележува намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз оваа зима ама има повеќе повици од хроничните болни.
„Има повеќе повици од...
Post Views: 6
Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот. Најголем број случаи се откриени во Охрид 25, Прилеп 10 и Кавадарци 4,соопшти Институтот за јавно здравје.Во текот на минатата недела, од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.Согласно анализите од МАНУ, во последниот период...