Ознака: Охриѓани

„Децата на Сонцето“ пред охриѓани

Post Views: 16 Директна инспирација за оваа монодрама се посланијата на Свети  Апостол Павел од Новиот завет упатени до Солунјаните, Македонци вели Петар Темелкоски. Таму стои „ Вие сте децата на светлината, никогаш нема да бидете во темница. Вие сте децата на светлината и денот. Благодарен сум од Вас Македонците  од каде одекна словото Господово и се пренесе насекаде во светот “ објаснува Темелкоски. Монодрамата е подарок за љубителите на театарот од Центарот за култура „Григор Прличев“ и Фестивалот Охридско лето. „Децата на Сонцето“  е вториот проект на Петар Темелкоски по монодрамата...

Continue reading

Ilinden

Ставот на охриѓани, прифатен од Бугарија

Post Views: 19 Македонија и Бугарија после големата бродска трагедија мора да ги надминат сите негативности и недоразбирања. Оваа порака упатена е од страна на здружението „Охрид 5 ти септември“ во знак на понатамошна соработка меѓу двете земји, на полето на туризмот. Големата бродска незгода во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро, не треба да делува врз досегашната добра меѓудржавна соработка на полето на туризмот. Оваа се дел од настојувањата и пораките на здружението „Охрид 5 ти септември“, упатени до Бугарскиот конзулат во Битола и сите останати инволвирани...

Continue reading

logo

Флуоризираното млеко ги исплаши и охриѓани

Post Views: 5 Владината програма за флуоризирано млеко ја разбранува и охридската јавност. Многу родители во 5-те објекти на детската градинка “Јасна Ристеска“ не дале согласност децата да им пијат флуоризирано млеко. Само 130 родители од 280-те деца кои треба да бидат опфатени со програмата на возраст од 3 ,4 и 5 години, потпишале согласност вели директорката на градинката Марина Тодороска Петровска.Раководителот на Стоматолошката служба при „Здравствен дом“ Охрид, специјалистот по детска и превентивна стоматологија, д-р Вера Наумоска,  порачува, место за паника нема. Дека флуорот...

Continue reading

velosiped

Охриѓани си сакаат чалам

Post Views: 4 Од локаланата велат дека во моментов се изработува студија која на велосипедистите ќе им обезбеди услови за непречено движење. Првиот човек на клубот за велосипедисти „ЕКО ДРОМ“ обвинува дека учесниците во сообраќајот немаат сообраќајна култура. 22 ри септември „Меѓународниот  ден без автомобили“, во Охрид помина незабележано. Претседателот на планинско друмскиот велосипедски клуб ЕКО ДРОМ, Александар Јованоски вели дека кај нас за велосипедистите нема услови. Тој истовремено упати и обвинувања до учесниците во сообраќајот дека немаат сообраќајна култура. Јованоски истакна...

Continue reading

Сараиште го добија охриѓани, но никој не знае до кога

Post Views: 3 Останува отворена дилемата дали решението за поништување на концесијата за плажата, министертвото ја донесе од траен карактер, или времено, додека се смират страстите. Градоначалникот вели „Се би било  полесно, доколку локалната одлучува за концесионирањето на плажите“. Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за давање на плажата кај Сараиште под концесија. Оваа одлука доаѓа по низа реакции упатени до министерот од граѓаните, иницијативниот одбор за спас на Сараиште, градскиот совет  и градоначалникот Александар Петрески, за значењето на ова место...

Continue reading

Туристите контра Охриѓани

Post Views: 0 „Охрид, никогаш веќе на одмор, и истото би им го препорачал и на другите туристи. Кога ќе ја научат туристичката лекција на правилно однесување кон г-динот турист, тогаш може би размислувал да идам таму на одмор. Нека одат во другите земји да научат малку љубезност, културно однесување, до тогаш идеме: Турција, Египет, Шпанија и други дестинации кои се многу попривлечни “  или  „Кога не знаат да работаат ќе немаат сезона“. Вака изгледаат дел од негативните коментари кои ги преплавуваат  веб порталите на дневните весници упатени кон Охрид и охриѓани во врска со туристичката...

Continue reading

kajce

Охриѓани го сакаат албанското море

Post Views: 9 На самиот старт од  сезоната на летните одмори голем број охриѓани, во зависност од стандардот и желбите ќе заминат на летување или пак ќе останат дома. Од туристичките агенции се задоволни од досега продадените летни аранжмани за Грција и Турција. Охриѓани  посебен интерес пројавиле за летување на Јонското море во Валона, соседна Албанија вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. Додава дека оваа дестинација е барана пред се заради близината, добрите плажи, се подобрата услуга и пристапните цени. Годинава изостана интерсот на Охриѓани за летување во Црна Гора заради високите...

Continue reading

Filip Mishev

Грците ги откажаа своите аранжмани,охриѓани- дома!

Post Views: 10 За Велигденските и првомајските празници во Охрид најбројни ќе бидат гостите од регионот. Голем број туристи од Србија, Бугарија, Косово и Романија веќе ги имаат направено своите резервации во охридските хотели. Сепак, очекувањата на хотелиерите нема во целост да бидат исполнети. Неколку групи гости од Грција во последен момент ги откажале своите резервации. „Ги откажаа поради инцидентите со грчките автобуси во Охрид и политичката состојба, објаснува менаџерот на хотел Метропол, Филип Мишевски. „Загубите ги надокнадуваме со израелски гости, како и веќе закажани чартер...

Continue reading

ezero

Охриѓани не знаат да штедат вода признаваат граѓаните

Post Views: 2 Водата има посебно место во животот на планетата Земја. Таа значи живот и овозможува развој и создавање на нов. Охриѓани не се рационални во користењето на водата, признаваат граѓаните. На локално ниво , МЈП „Проаква“ , работна единица Водовод, неколку години наназад ја подига јавната свест за значењето на водата. Годинава, најмладите им се целна група и светскиот ден на водата ќе го одбележат со ликовен конкурс на учениците од сите основни, охридски училишта вели Светлана Велјаноска МЈП „Проаква“. Државата, исто така се вклучува во се поголема заштита на водата....

Continue reading

pristanishte

Охриѓани на традиционално капење

Post Views: 7 Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Охриѓани овој празник масовно го празнуваат, а го празнувале и во времето кога тоа беше забрането. Петар Коцо вели дека езерските води...

Continue reading

Охриѓани со различни впечатоци по што ќе ја паметат годината која изминува

Post Views: 3 31 декември, последен ден од годината која е на одминување. Се резимираат успесите и впечатоците од  претходните 364 дена. За охриѓани, на личен план едни 2008 ќе ја паметат  како успешна, а  други пак по сиромаштијата, во зависност кој каква среќа го следела.По се изгледа најзадоволни сепак  се  пензионерите од покачувањето на пензиите. Настаните пак во 2008 ќе ги паметат најмногу по политичките случувања и реформите. Сепак охриѓани се оптимисти  во очекувањето на новото 2009 господово лето. Покрај стандардните желби, граѓаните посакуваат  и поголема благосостојба...

Continue reading

sud

Охриѓани се потпишуваа во знак на подршка на семејството Спиркоски

Post Views: 21 Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице. Голем број охриѓани денес пред Основниот суд го ставија својот потпис во знак на подршка за семејството Спиркоски, кое пред два месеца остана без својот дом. За само два часа, од 9 до 11 утринава, се потпишаа 200 граѓани. „Дојдовме да му дадеме подршка и веруваме дека на нечесен начин ја изгуби куќата и со целото семејство остана на улица. Детето го знам од мало и е многу добро. Секој треба да го подржи“, велат граѓаните. Јовче Спиркоски, во изминатите три дена постојано е пред вратата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top