Ознака: општини

ау

Стационарот за бездомни кучиња само на хартија

Post Views: 6 Истекува рокот на општините да ги згрижат кучињата скитници. Ветеринарниот инспекторат уште во април им издал решенија на општините  да  отпочнат со подготовки. Задолженијата се изготвени по Законот за ветеринарно здравство и Законот за благостотојба на животните. Во склад со законските прописи за 60 дена Локалните самоуправи  мора да најдат начин кучињата скитници да добијат похуман третман од институциите. Од ветеринарниот инспекторат наскоро најавуваат и проверка како општините во пракса се справуваат  со овој сериозен проблем. Градоначалниците на четири Локални самоуправи, ...

Continue reading

poseta Turcija

Соработка со Турција на локално ниво

Post Views: 0 Делегација од Охрид, во посета на Р.Турција. Општината во Анкара беше претставена од советникот на ПЕИ Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и ЛЕР. Уште на првата работна средба членовите на нашата делегација успеале да постигнат договор за збратимување помеѓу две училишта, „Билкент“ од Анкара и ОУ „Братство и Единство“, од Охрид. Кујтим Усеини вели дека задоволство е да се црпат искуства од луѓе кои очигледно на полето на образованието постигнале многу. Воедно тоа дополнително му дало поттик да размислуваат како би се направило нешто повеќе и за нашите...

Continue reading

prezentacija na proekt

Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Post Views: 2 Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот...

Continue reading

delikvencija

Формиран локалниот Совет за превенција од малолетничко престапништво

Post Views: 6 Формирано тело за превенција од малолетничко престапништво. Неодамна Советот на општината, даде зелено светло за формирање на Совет за превенција од малолетничко престапништво. Во него се вклучени претставници од МНР, МТСП, од училиштата, судовите и обвинителствата. Секретарот на Општината, Димитрија Вревезоски истакна дека улогата на ова тело во суштина е превентивна. „Охрид е една од првите општини која формира ваков совет,  тој совет ќе носи своја програма годишна, еднаш годишно има обврска да достави извештај до Советот на Општина Охрид за својата работа, како и...

Continue reading

mirjana lozanoska

Се подготвува студија за колекторски ситем на шест општини

Post Views: 1 Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој. Вредноста на инветицијата е 20 милиони евра. Општините Вранешница, Пласница, Осломеј, Кичево, Другово и Зајас, ќе добијат колекторски систем и две прочитителни станици. Физибилити студијата за проектот е веќе готова, а во моментов истата се преведува на англиски јазик  и подготвува...

Continue reading

zels

Легализација на дивоградбите, добра или лоша работа?

Post Views: 1 Градоначалниците на педесет и осум општини од Македонија како и нивната општинската администрација, денес и утре ќе зборуваат за имплементацијата на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи. Финално решение на проблемите со урбаниот хаос во Македонија. Со овие зборови, Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски го објасни предлог Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој неодамна стапи на сила. Јанакиевски додаде дека овој закон претставува одлична основа за добро урбанистичко планирање во иднина.  На прашање...

Continue reading

Македонија е лидер во регионот во спроведување на проекти на МОС

Post Views: 1 Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка. „ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство...

Continue reading

CSI Forum

Невладиниот сектор ја контролира транспарентноста на општините

Post Views: 10 Проектот „ Транспарентност на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните“ е прво системско истражување во Република Македонија кое ги опфаќа сите 84 општини во државата, како и градот Скопје. „Овој проект има за цел да направи анализа на состојбата и да изготви препораки за зголемување на транспарентноста и функционалноста во работата на единиците на локална самоуправа, но и да ја унапреди нивната соработка со граѓанското општество“, велат од Центарот за стратегиски истражувања Форум кои се изготвувачи на проектот. Основната цел е да се поентираат...

Continue reading

pari

Секој си ја тера водата на својата воденица

Post Views: 3 „Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување...

Continue reading

Zoran Strezoski

Декларација за зелени општини во Македонија

Post Views: 0 Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ  предлагаат  политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија. Зелените општини значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата што ја предложи ДОМ. Партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, предлага политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелени општини во Македонија. Со овој документ тие би се обврзале на конкретни мерки за заштита на животната средина, што е една од главните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top