Ознака: општини

sonata

Синхронизиран флешмоб во Охрид и Струга

Post Views: 4 По повод меѓународниот ден на танцот – 29 април студиото за танц СОНАТА од Охрид со почеток во 12:12 ќе организира флешмоб на градските плоштади во Охрид и Струга, како и во училиштето Јахја Кемал во Струга. Учество ќе земат околу 850 ученици од основните училишта од овие општини. Точно во 12:12 преку најслушаната локална радио станица во Македонија Super Radio ќе биде означен стартот на овој синхронизиран флешмоб. Поддршка на овој проект дадоа општина Охрид, општина Струга, градоначалниците на овие општини, “Јахја Кемал”,  ДОН маркети, “Денторија”,...

Continue reading

velmej

Трајкоски ќе го решава проблемот со отпадните води во Велмеј и Лешани

Post Views: 1 Општина Дебрца ќе аплицира во Министерството за финансии за добивање грант,  неповратни средства за инфраструктурни проекти во рурални општини. Станува збор за средства во висина до 260.000 евра. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски вели дека тие уште од минатата година ја изготвиле проектната документација со цел да можат веднаш да аплицираат. „Со овој повик ние како локална имаме спремано проектна документација за изградба на фекална канализација во село Велмеј значи со тој проект ќе аплицираме и ќе оствариме едно од ветувањата дадени пред граѓаните во предизборната...

Continue reading

merenje

Се мери енергетската ефикасност во четири општини од Југозападниот плански регион

Post Views: 6 Започнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата. Станува збор за три училишни објекти во населените места Горно Лакочереј, Требеништа и Центар Жупа и зградата во кој е сместена Општина Македонски Брод. По целосното скенирање на споменатите објекти ќе бидат предложени соодветни мерки што...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

skitnici

Кучиња скитници го сардисаа Охрид

Post Views: 8 Групи од по десетина кучиња скитници окупираа делови од Охрид. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Некои од нив се удобно сместени во фотељи, ги има по тротаорите, парковите, а слободно поминуваат и по пешачките премини. Освен што сеат страв меѓу минувачите, голем број од нив и напаѓаат, па речиси нема ден а да некој не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив. Охриѓани со апел до надлежните овој проблем што поскоро да се реши, посебно заради децата. „Кучето е животно што треба да биде заштитено, но и градот треба...

Continue reading

gradonacalnici

Градоначалниците од 13 општини денес се состанаа во Струга

Post Views: 15 Членовите на Југозападен плански регион се состана во Струга. Се конституира новиот совет- го сочинуваат старите и новоизбраните градоначалници од вкупно 13 општини од државава. Од завршувањето на локалните избори, оваа е прва средба на старите но и новоизбраните градоначалници од Југозападниот Плански регион. Токму тоа и беше целта, на работната средба да се  конституира новиот совет на овој регион. Вообичаено, седницата ја водеше претседателот, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој со Југозападниот Плански регион раководи веќе две години, од неговиот...

Continue reading

opstina Ohrid

Општинската администрација се обучува по Британски терк

Post Views: 0 Едукација за општинската јавната администрација преку која ќе се подобрува нејзината ефикасност и ефективност. Преку оваа обука која ја спроведува Британската амбасада се нагласува потребата на изнаоѓање на постапки, методи и алатки кои ќе овозможат проценка и подобрување на квалитетот на јавниот сектор и кавалитетот на услугите кои администрацијата има ја дава на граѓаните. „На мое лично задоволство и Охрид е една од трите општини во Р Македонија, кои се вклучени во пилот програмите за имплементација на алатки за инструменти за управување со кавлитет, како што е заедничката...

Continue reading

logo

Отчет на општините за сработеното

Post Views: 1 Презентација на сите достигнувања што локалните власти во Македонија ги постигнале во текот на изминатата година, ќе се одржи во четвртокот во Скопје. Настанот е организиран од Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС по повод четиригодишнината од трансферирањето на надлежностите од централно на локално ниво.Според најавата, на конференцијата ќе учествуваат сите градоначалници, претставници на локалната и централната власт и претставници на меѓународни организации.Во рамките на конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од истражувањето за децентрализацијата...

Continue reading

rabotilnica

Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 5 Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид. Овие уникатни парчиња се изработени од страна на инавалидизираните лица од Охрид, Скопје и пет општини од Војводина. Домакин на оваа креативна работилница е здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца, „Мобилност“, вели Венко Голабовски, неговиот претседател. Организатор на оваа работилница е здружението „Мобилност“ од Скопје. Во Охрид ја организираат прв пат, а во Скопје една веќе се одржала минатата година. Деан Ѓоргиевски, претседателот...

Continue reading

dom

ДОМ ќе ги осветлува патиштата до верските објекти

Post Views: 1 Партијата на зелените, ДОМ, се претстави во Охрид. Нашето мото „Избери зелено, диши слободно“, има силна порака која со внимание треба секој од нас да ја протолкува, рече носителот на листата на кандидати за советници,  Летка Филиповска. Таа се задржа на неколку приоритети, за кои во иднина ќе се залагаат како сериозна партија и секако истата и ќе ја реализираат доколку ја добијат поддршката од граѓаните. „Прв приоритет е зелени општини за здрав живот, општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и примента...

Continue reading

Братство Единство

Во ОУ „Братство Единство“ пристигна мулти културниот караван

Post Views: 2 Во ОУ „Братство Единство, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на  ученици од повеќе  училишта од земјава. Во овој необичен караван се вклучени училишта со мешан етнички состав, па децата ќе се дружат и меѓусебно ќе се запознаваат, вели преставникот од Министерството за образование и наука,  Исмаил Демировиќ. „ Децата да се интегрираат, заедно да се дружат за да ги  надминат етничките и јазичните разлики  кои се мeѓу нас,  не прават различни, а сме сите исти. Децата од најмала возраст да другаруваат и да ги надминуваат спротивностите“, вели...

Continue reading

ucilishte

Гаснат селските основни училишта

Post Views: 6 Во последниве неколку години, во нашата земја згаснале околу дваесет основни училишта. Ова e показател дека од година во година драстично се намалува бројот на учениците. Секако најзагрозени се училиштата од руралните средини. Експертите велат дека оваа појава пак, од друга страна може да доведе до иселување на младата популација и целосно замирање на животот во овие општини. Министерот за образование, Панче Кралев истакна дека  Министерството за образование и наука, не е она кое одлучува дали одредено училиште ќе се затвори, додава дека тоа е одлука која ја носи општината....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top