Ознака: општини

logo

Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо

Post Views: 2 Заврши проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион. Во хотел „Дрим“ Струга беа презентирани финалните резултати од имплементација на проектот кој што траеше 15 месеци во кој што беа вклучени сите општини од Југозападниот регион на Македонија и регионот Корча Албанија. Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион вели дека задоволни се од постигнатите резултати, ги поминале сите општини од регионот, спровеле обуки, предавања, работеле на подигање на јавната свест, реализирале отворени денови, промотивни настани, и изработиле пилот...

Continue reading

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА РАБОТНИОТ СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВЕТСКАТА УНИЈА НА ОПШТИНИ

Post Views: 0 Делегација на општина Охрид, беше дел од работниот состанок на управниот одбор на Светската унија на општини, во Истанбул. На состанокот, претседателот на Унијата, изрази сочувство за прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што беше член на управниот одбор. Исто така беше потврдена иницијативата за донација на противпожарно возило од страна на збратимената општина Сафранболу. Предвидено е донацијата да се реализира после изборот на новиот управен одбор, по што Советот на општината Сафранболу треба да донесе одлуката за донација.

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА СОСТАНОКОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА УНИЈАТА НА ОПШТИНИ

Post Views: 7 На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти. Во таа насока, општина Охрид со поддршка на општината Зејтинбурну ќе започне со разгледување на проектот „Изнајмување на паметни велосипеди“. Општината Зејтинбурну, ќе даде логистичка поддршка при скенирањето на условите. Доколку индикаторите од скенирањето бидат позитивни, проектот ќе се реализира со што градот за прв пат ќе добие модерен еколошки превоз.

Continue reading

vevcani

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

Post Views: 15   Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани. „Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која организира...

Continue reading

Ivanov

Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“

Post Views: 2 Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов. Целта на овој традиционален спортски настан е  да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб  на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се  надминуваат  стереотипите и се  зацврстуваат   меѓуетничките односи во Република...

Continue reading

Oхрид е на врвот на листата општини со најголем број дивоградби во земјава

Post Views: 1 Охрид е на самиот врв по дивоградби во земјава. Втора година по ред е на врвот на листата според бројот на бесправно изградени објекти. Минатата година статистичките податоци на Државниот завод за статистика покажале дека биле регистрирани 68 дивоградби. Општина Охрид признава дека има сериозен проблем со нелегалените градби, а тоа се случува заради пропаѓањето на тендерите за избор на фирма која ќе ги руши бесправно изградените објекти. Со години наназад никој не сака да се пријави за да ги одстрани дивоградбите, подвлекува охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. „Не...

Continue reading

otpad

Солиден буџет за проект

Post Views: 1 Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за буџетите...

Continue reading

sredba Florida Struga

Почесната конзулка од Флорида воодушевена од Струга

Post Views: 5 Почесниот конзул на македонската амбасада на Македонија во Флорида, Дејна Клејн ја посети Струга. На заедничка маса со претставниците од струшката општина разговараа за продлабочување на соработката на Струга и Корал Гејблс од Флорида. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека овие два града имаат убава заедничка иднина преку соработки во економијата, културата и други области. „Денеска ние сме тука со тимот на секторот за Локален економски развој на општина Струга. Ќе им ги предложиме сите можни проекти кои ние ги нудиме на инвеститорите, како домашни, така и...

Continue reading

gradonacalnici

Ден на Охридското езеро

Post Views: 5 Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето. „Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко. Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби. „Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...

Continue reading

Повторно намален број на запишани ученици во руралните општини

Post Views: 1 Годинава повторно помал бројот на запишани ученици во основните училишта во руралните општини особено во прво одделение. Општина Дебрца е една од тие општини. И покрај ваквиот негативен тренд кој е карактеристичен за територијата на целата држава, од оваа општина продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои се однесуваат на подобрување на условите за спроведување на образовниот процес. Во отчетот на градоначалникот на општина Дебрца за сработеното во изминативе четири години, стои дека во овој период реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно...

Continue reading

Ramiz Merko

Економскиот развој на Струга е најважен

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко пак претседател на Светот за развој на 13 општини

Post Views: 3 Продолжен манадатот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој и наредниве две години останува претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион. Мерко рече дека тоа е резултат на добрата работа и покажани резултати за минатите две години. Додава дека годинава во раце ги држи средствата одобрени од Владата, за уште најмалку 6 проекти кои се од голема важност за развој на регионот и примена на Законот за рамноправен регионален развој. 100 000 илјади евра веќе се обезбедени за селектирање на отпад и набавка на садови за сите 13 општини, вели Мерко. Тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top