Легализација на дивоградбите, добра или лоша работа?

Градоначалниците на педесет и осум општини од Македонија како и нивната општинската администрација, денес и утре ќе зборуваат за имплементацијата на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи.

 |  Крсте Голабовски  | 
zels
ЗЕЛС

ZELSГрадоначалниците на педесет и осум општини од Македонија како и нивната општинската администрација, денес и утре ќе зборуваат за имплементацијата на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи.

Финално решение на проблемите со урбаниот хаос во Македонија. Со овие зборови, Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски го објасни предлог Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој неодамна стапи на сила. Јанакиевски додаде дека овој закон претставува одлична основа за добро урбанистичко планирање во иднина.  На прашање која ќе биде судбината на дивоградбите во стариод дел на Охрид, Јанакиевски информира дека во овој случај одредбите остануваат исти  и нема да има промени во делот на амандманската расправа.

„Сите оние подрачја што се специфични, заштиттени, за нив ќе се бара мислење од надлежните институции. Врз основа на нивните акти, ќе се одлучи дали одредени градби во некое старо градско јадро на промер ќе бидат легализирани“ изјави Министерот.

Потпретседателот на ЗЕЛС, Изет Меџити рече дека односниот закон е добра основа за префрлање на ингеренциите од централно на локално ниво и овозможување подобар сервис за граѓаните, но истовремено и финансиско зајакнување на локалните администрации. Меџити додаде дека станува збор за обид, еднаш за секогаш да биде решен проблемот до дивоградбите.

Но не сите градоначалници, се на истото мислење околу успешноста на функционирањето на овој сет закони на терен. Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимоски изнесе забелешки по однос, на тоа кои градби ќе можат да се легализираат со новиот закон момент кој според него, во новите законски одредби не е прецизно дефиниран.

Законите од областа на урбанизмот и комуналните дејности за кои денес и утре ќе расправаат градоначаниците и општинските администрации од 85-те општини во Република Македонија, се Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените градби, Законот за градба и Законот за гробишта и попомеѓу претставници од  Министерството за транспорт и врски со претставници на ЗЕЛС,  ќе се дискутира за акцискиот план и утврдување точни датуми за примена на законите од областа на урбанизмот и комуналните дејности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top