Ознака: општина

dimitar spaseski

Блажески контра Спасески

Post Views: 7 Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески. За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од страна...

Continue reading

ds

Прераспределба на дел од општинската администрација во Косел

Post Views: 6 Општинскиот секретар Димитар Спасески оствари средба со неколкумина негови колеги кои порано ја остварувале функцијата секретар. На тој начин тој им одаде лично признани за  нивната работа во општина Охрид, а како најмлад по години и стаж како секретар од средбата ќе ги примени нивните искуства и предизвици со кои тие се среќавале некогаш  во нивната работа. Спасески одговори и на прашањето зошто дел од општинската админситарција се прераспределува  во зградата на поранешната општина Косел. „ Деновиве гледам натписи  дека тоа се прави како казна и тенденциозно, што јас...

Continue reading

kredit

Општина Охрид аплицира за кредит од Светска Банка

Post Views: 5 Општина Охрид за прв пат поднесе целосно изготвени проекти за добивање кредит од Светска Банка. Кредитот е во висина од 2 милиони евра.  Парите ќе се наменети за асфалтирање на  улици во градот и локалните патишта во руралните населби, изградба на водоводни мрежи и канализација, современи сообраќајни текови, реновирање на  училишта и детски градинки, како и училишни спортски  сали. Ова се само дел од проектите кои Локалната самоуправа ги планира да ги реализира  во 2014 и 2015 година. Од општината се сигурни дека аплицираните проекти ќе им бидат одобрени за да добијат...

Continue reading

sport

Програмата за спорт за 2014та година не нуди напредок во спортот во Охрид смета опозицијата во градскиот совет

Post Views: 1 Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски  спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа. „Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите кои...

Continue reading

sednica

Советот на општина Охрид ја заврши оваа година со донесување одлуки за наредната

Post Views: 1 Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....

Continue reading

vmro-np

ВМРО-НП, со забелешки за буџетот 2014 на општина Охрид

Post Views: 8 Буџетот на општина Охрид за 2014 тежи 960 300 000 денари. За неговиот износ кој е повисок за 170 милиони денари од оној во минатата година бројни забелешки, изнесоа од ВМРО – НП на денешната прес конференција. Ванчо Костоски претседателот на партијата истакна оти сака да ги потсети членовите на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ на нивните бројни критики кон минатогодишниот буџет кој бил нарекуван, предизборен, криминален, неразвоен. „Во буџетот се предвидени 120 милиони денари предвидени како приход кои што треба да влезат од кредит. И без нив сепак имаме зголемување...

Continue reading

paketce

Локалната со пакетчиња ги израдува дечињата во Општата болница и болницата „Свети Еразмо“

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите. „Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку градинки,...

Continue reading

ugrinoaski

Вевчани се подготвува за карневал

Post Views: 15 Вевчани се подготвува за карневал. Многу забава, интересни содржини за сите од најмладо до најстаро, ветуваат организаторите на карневалот. Престојниот безграничен театар под маски, кој традиционално се одржува за Стара Нова година и празникот Василица, ќе биде во една беспрекорна организација и сосема поинаква од изминатите години, ветува првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. „Карневалот ќе трае повеќе и започнува на 10 и ќе трае до 14 јануари 2014. гостите ќе бидат дочекани од насделението сите капацитети ќе бидат отворени,а подготвени ќе бидат и вевчанските...

Continue reading

Општина Охрид

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Post Views: 6 Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се...

Continue reading

ukraseno

Започна трката за најубаво украсен двор

Post Views: 1 Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните. „ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со...

Continue reading

sednica

Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та

Post Views: 2 Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та година. На денешната седница на советот на општина Охрид, прва на дневниот ред беше токму точката извештај на градоначалникот за извршената ревизија на Државниот завод за ревизија.  Градоначалникот Бакрачески рече дека граѓаните на Охрид имаат право да бидат запознаени со вистината за финансиското работење на локалната во претходниот период. „Во овој извештај ги елаборирав основните елементи и заклучоци кои Државниот завод за ревизија ги спроведува. Сакам...

Continue reading

nikola bakraceski

Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона

Post Views: 0 Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески. – Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top