Блажески контра Спасески

Советникот Дејан Блажески го обвини секретарот на општината за афера околу поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Спасески се закани со пријава за клевета.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dimitar spaseski
Dimitar Spaseski

Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад.

Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески.

За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од страна на граѓаните на Охрид. Проектот, објаснува тој бил на иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој. На 5ти декември минатата година, секторот доставил барање до градоначалникот за одобрение за поставување на урбана опрема. Постапувајќи по тоа барање, најпрво Секторот за урбанизам доставил програма за урбана опрема, што значи дека овој објект бил поставен според програмата. По обезбедување на дозволата, Секторот за туризам и локален економски развој доставол ново барање до градоначалникот, со кое барал да се склучи спогодба за деловно техничка соработка со економски оператор, кој што понатаму ќе работи.лизгалиште

Се склучи спогодба помеѓу Општина Охрид и ДООЕЛ „Маредо“ од Охрид а оваа фирма е овластен претставник на „Солкав ГМБК“, од Виена, Австрија, ги објасна деталите секретарот Спасески.

Виенската компанија ја известила Општина Охрид дека може да го користи лизгалиштето слободно, односно нема обврска да плаќа закуп. Околу неиздавањето на фискални сметки за користење услуги на лизгалиштето, Спасески тврди дека немало такви случаи, а доколку имало било каква неправилност Управата за јавни приходи ќе превземе соодветни мерки. Тој рече дека нема ништо штетно ниту нелегално во договорот помеѓу преставникот на австриската фирма и општината, а во врска со актуелното лизгалиште. Секртарот на советникот Блажески му се обрати потсетувајќи го на еден друг штетен договор, направен во корист на неговиот брат, Александар Блажески според кој Општина Охрид на ова лице има обврска да му исплати надоместок во висина од 30 илјади денари месечно, а за ова лице нема евиденција во општината дека некогаш се појавило на своето работно место, а исто така не се знае што функција остварило, а имало висока позиција, со оглед на високиот хонорар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top