Започна трката за најубаво украсен двор

Општина Охрид после година дена пауза, повторно се враќа на традицијата за избор на најубаво украсен двор, куќа или балкон, по повод новогодишните и божиќните празници. Како што информираат од Локалната самоуправа оваа активност е со цел дополнително да се стимулираат граѓаните, нивните дворови и куќи да блеснат пред и за време на престојните празници.

 |  Николоска Биљана  | 
ukraseno
украсено

ukrasenoПочнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните.

„ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со назнака за најдобро украсен новогодишен двор или балкон за новата 2014 година во периодот од 20-27 декември за да може комисиајта да има време да излезе на терен сето тоа да се фотодокументира“.

ukrasenoЏамтоски нагласува дека и угостителските објекти и продавниците треба да се вклучат во разубавувањето на празничниот амбиент и атмосфера во општина Охрид, но не како учесници во натпреварот.

„Не сакаме од ова да направиме некој комерцијален натпревар, значи ги повикуваме граѓаните да си ги украсат своите домови, балкони, тераси за нивно добро расположение а и градот да ни биде поубав. Се разбира дека ги повикуваме и бизнисмените и дуќаните и кафетериите да си ги украсат своите објекти, меѓутоа сакавме да одбегнеме некоја поголема комерцијализација и комерцијален натпревар од сета ова работа.“

Пријавените апликации за избор на најубаво украсен двор, куќа или балкон ќе ги разгледува жири комисија која е специјално формирана за тоа и во моментов сеуште ги прецизира критериумите за изборот. Но сепак Џамтоски обелоденува дека за првите три места предвидени се пристојни парични награди, кои секако ќе му бидат добредојдени на тој што ќе биде награден за престојните празници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top