Општина Охрид аплицира за кредит од Светска Банка

Општина Охрид аплицира за кредит од Светска Банка.

 |  Валентина Неловска  | 
kredit
kredit

Општина Охрид за прв пат поднесе целосно изготвени проекти за добивање кредит од Светска Банка. Кредитот е во висина од 2 милиони евра.  Парите ќе се наменети за асфалтирање на  улици во градот и локалните патишта во руралните населби, изградба на водоводни мрежи и канализација, современи сообраќајни текови, реновирање на  училишта и детски градинки, како и училишни спортски  сали. Ова се само дел од проектите кои Локалната самоуправа ги планира да ги реализира  во 2014 и 2015 година.
Од општината се сигурни дека аплицираните проекти ќе им бидат одобрени за да добијат кредит,  а средствата ќе може да ги користат веќе од месец март, додека со  реализација на зафатите планираат да отпочнат од месец мај.     

„ Средствата кои се добиваат од Светска од банка не подлежат на истите регулативи околу спроведување на тендерските постапки во време на изборен процес. Тендерите ќе може несметано да течат.“
Bakrac
Градоначалникот Бакарчески, покрај овие проекти кои кажа дека се планираат да се спроведат до крајот на оваа година, најави реализација и на други поголеми проекти. Бакрачески ги спомна изградбата на современиот затворен олимписки базен но со средства од Агенцијата за млади и спорт, потоа изградбата на современ покриен зелен пазар и шопинг центар и замената на уличното осветление со штедливи лед светилки.

„ Прв од тие големи проекти ќе оди  покриениот зелен пазар. Ние завршивме со подготовка на планската докумнтација и помина физибилити студијата за економската оправданоста за овој проект на седница на совет. До крај на јануари ќе се објави тендерот. Во зависност од должината на изборниот циклус според препораките од Антикорупциска комисија ние ќе  ги  почитуваме нивните препораки.“

Средствата кои ќе се добијат со кредит од Светска банка се  под поволни услови, а гарант е Министерството за финасии, вели градоначалникот. Додава дека парите кои ќе се добијат  се со грејс период од 1 година и со рок на отплата од 5 години.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top