Ознака: општина

sednica

Преобемна 43 -та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 1 Охридските советници на 43 -та седница  имаа исцрпен дневен ред со над 80 точки. Меѓу важните теми за кои советниците  одлучуваа беше и ребалансот на буџетот. Јован Стојаноски советникот од редовите  на СДСМ упати забелешки на реблансот. Немаме преглед во  извештаите и не можеме да споредиме што се планиарало и што е направено, вели Стојаноски.Напоменува дека  повторно по 3- 4 месеци се оди на ребалнс кој нема реална основа. Се предлагаат приходи кои се под голем знак на прашање дали ќе се оставарат, вели Стојаноски. На крај од годината ќе се потврди ова наше сомневање...

Continue reading

davenik

Плажата „Галеб“, кобна

Post Views: 7 Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи.  Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена. Од СВР...

Continue reading

Политичката сцена во Струга се размрда од корен

Post Views: 1 Дали Рамиз Мерко се зачлени во ВМРО – ДПМНЕ? – прашуваат од струшкиот огранок на ДПА. Само ако е така, може да му се прости на Мерко за тоа што деновиве се погласно се коментира, дека од пред три недели, на општина Струга и биле одземени надлежностите од градежниот инспекторат, а за тоа, од таму, никој јавно не зборува, обвинуваат од ДПА. Тајните средби во „четри очи“, се само доказ за реализација на партиски поставените цели на двата коалициони блока, вели секретарот на ДПА од Струга Џемал Арслани. „Јавно го прашуваме г. Мерко во какво својство беше посетата...

Continue reading

ВМРО – ДПМНЕ од Струга, реагира

Post Views: 5 Се распламтуваат искрите околу партиските вработувања и во Струга. Се пожестоки стануваат и пресовите на двата поголеми политички блока и во оваа општина. Кој прв почна и до каде ќе се стигне со ваквите обвинувања очигледно јавноста е ставена пред трежок испит да процени, кој работи за јавните  интереси. Денес со реакција на вчерашниот прес на СДСМ од Струга, излезе ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на партијата Надица Николоска се прашува како е можно струшкиот огранок на Бранко Црвенкоски без грам срам и чуство за извршеното предавство излегува пред јавноста, пред граѓаните...

Continue reading

Со какви урбанистички проблеми се соочувате во вашата општина?

Post Views: 4 Доколку живеете во една од општините Охрид, Струга, Вевчани или Дебарца, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да откриваме  урбанистички проблеми и да ги анимираме надлежните институции за решавање на истите. Прашалникот можете да го пополнете ТУКА. Сама по себе урбанизацијата е потребна, но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќници профитираат од градежните активности, узурпација  и лошите планирања, тогаш станува збор за кршење на законите. За жал, во нашата земја години наназад...

Continue reading

Вртоглави износи за струја во општина Охрид и јавните претпријатија

Post Views: 4 Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата. Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат плата....

Continue reading

Struga

Преамбициозен буџет

Post Views: 3 „Домашниот есап не излегува на пазар“. Денешната 19-та по ред седница на струшкиот Совет се одвиваше во насока како во старата добра поговорка. Песимистичките предвидувања на дел од советниците, дека буџетот на општина Струга за 2010 е преамбициозен, сега излегуваат на видело, со прикажување на реалната состојба на кварталниот извештај. Љуљзиме Зулали од ДПА рече дека од авион се препознавААТ надуените цифри на буџетот. Таа рече дека сега имаме состојба на повеќе потрошен, отколку развиен буџет. Со слично размислување, настапи и Стретен Бандоски од ЛДП. Тој кажа реализацијата...

Continue reading

Ramiz Merko

Протуѓер ќе лобира за Струга

Post Views: 5 Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски деновиве во посета на Струга. Главна цел на посетата на Мартин Протуѓер беше средба со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како и состанок со ОК на струшкиот огранок на ВМРО –  ДПМНЕ. Градоначалникот Мерко средбата ја оцени како мошне значајна за градот, бидејќи се разговарало на многу теми кои се од заеднички интерес, како на локално, така и на централно ниво, а вооедно се отворила можност за соработка плус, која се состои во финансиска поддршка на проекти потпомогнати од централната власт. Мерко верува...

Continue reading

logo

Општина Охрид со реакција на обвинувањата на А.Д. „Галеб“

Post Views: 0 Општина Охрид  реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз. Во реакцијата стои:Во врска со изнесените обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“  – Охрид, г-дин Димитар Василески сметаме дека е потребно да дадеме одредено појаснување. Имено бидејќи во изјавата го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз „Сл. Весник бр: 44 од 19.03.2015 год.“ стои: Член 2: „За...

Continue reading

Огласите за вработувања во Општина Охрид се дел од годишниот план за вработување

Post Views: 28 Поради ненамерен технички проблем 60-та седница на Општина Охрид се одржа без да бидат известени медиумите и граѓаните, велат од Локалната самоуправа. Од вчерашните точки предвидени на дневниот ред, дискусија предизвика гласањето на измената на годишниот план за нови вработувања во општината. Координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска вели дека не го поддржуваат целосниот годишен предвиден план за нови вработувања и од кога е донесен апелираат да се намалат вработувањата во Општината, на кој апел од локалната не се одважиле. Што се однесува...

Continue reading

СЕ ОДРЖА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 0 Советниците ја разгледаа и ја усвоија информацијата за оценката на перфомансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а во продолжение следеа одлуки за статурна измена на Статутот на ООУ “Св.Климент Охридски“, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид. Советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и турски сообраќајни регистерски таблички да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг.

Continue reading

Плажите кои немаат концесионери ќе ги одржува општина Охрид

Post Views: 8 На охридските плажи кои немаат концесионери на крајбрежјето одржувањето на комуналната чистота го презема општина Охрид. Обврската за нивно чистење е на ЈП Охридски комуналец по отстранување на нелегалните шанкови и угостителски објекти на крајбрежјето. Постетителите ќе доаѓаат на плажите кои нема да бидат оставени без соодветно одржување на хигиена, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина. „За тие плажи ќе се грижи општина Охрид преку ЈП Охридски комуналц. Тие се задолжени за овие места да ги чистат и уредуваат плажите за да се во добра состојба за посетителите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top