Преобемна 43 -та седница на Советот на општина Охрид

Преобемна 43 -та  седница на Советот на општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica

Охридските советници на 43 -та седница  имаа исцрпен дневен ред со над 80 точки. Меѓу важните теми за кои советниците  одлучуваа беше и ребалансот на буџетот. Јован Стојаноски советникот од редовите  на СДСМ упати забелешки на реблансот. sednicaНемаме преглед во  извештаите и не можеме да споредиме што се планиарало и што е направено, вели Стојаноски.Напоменува дека  повторно по 3- 4 месеци се оди на ребалнс кој нема реална основа. Се предлагаат приходи кои се под голем знак на прашање дали ќе се оставарат, вели Стојаноски. На крај од годината ќе се потврди ова наше сомневање додава Стојаноски.

„Очигледно се сака да се стават проекти и да им се ветат на граѓаните дека ќе се оставарат одредени  проекти кои нема да се реалзираат. Тоа го имаме и во извештаите  по прогармите. Во нив нема што е сработено колку тоа чинело во овој период, посочи Стојаноски.

Секретарот Димитар  Спасески се согласува дека седницата е со обемен дневен ред. Вели дека тоа се должело на програмите за работа на Советот и извештаите за работата  на секторите во ЛС И ЈП.
За точката како што ребалн на општинскиот буџет напоменува дека има добри приливи. Со тоа се намалувал догот на оштината и се исплаќале заостанати долгови.

sednica„ Но тоа за буџетот  значи истрошување на определени ставки кои стојат за реалзиација на нови проекти. Во тек на есента треба да се реализираат многу предвидени проекти  за работа  и треба ребаланс  од буџетот да се задоволат законските обврски за обезбедување финансиски средства, ја објaснува секретарот потребата од прекројување општинскиот  буџет.

Покрај оваа точка осветнците ги усвоија  и   програмите за екскурзии во основните училишта,  одлуките  за формирање на паралелки со помал број на ученици , како и одлуки за формирање на групи во детските градинки со  поголем број на деца.   Беа разгледувани и финансиските извештаи за работењето на јавните претпријатија и извештаите за реализација на развојните програми на локалната за првото полугодие од 2015г.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top