Ознака: одлука

Petreski

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ му зедоа мужде на Петрески

Post Views: 2 Владата попушти. Даде зелено светло за влез на Охрид во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Муждето на градоначалникот му го зедоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е добро вели Петрески, но начинот на кој Владата се пофали најпрво пред своите симпатизери е чиста политика. Градоначалникот е зачуден од начинот на комуникација на Владата. Според него претходно не биле информирани ниту тој, ниту општината, ниту советот иако оваа информација е од интерес на охриѓани. Владата треба да работи за сите граѓани во државава, потенцира Петрески. „Mене ме чуди, а не е...

Continue reading

Opshtina

Општина Охрид и официјално влегува во втора фаза на децентрализација

Post Views: 2 Со одлука на Владата на Република Македонија, на нашата општина и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година, информираа денес од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Конечно Општина Охрид влегува во втора фаза на децентрализација. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денес на јавноста им ја соопштија веста која според нив, „би можела да го пормени текот на развојот на Охрид, како и функционирањето на досега нефункционалната Локална самоуправа“. „Во неделата на 4-ти декември 2011 година со одлука на Владата на РМ, на Општина Охрид и се овозможи...

Continue reading

sednica

Нема тајни во одлуките на охридските советници

Post Views: 1 Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да...

Continue reading

plivac

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 7 Охрид ќе добие затворен 25 – метарски базен. Овој објект кој ќе го гради агенцијата за млади и спорт е еден од 9 те пливачки базени, кои ќе се градат наредната година од страна на Агенцијата.  Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена и на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше соопштено дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „Пратејќи ги владините седници во кои се зборуваше за Охрид, добив впечаток,  а тоа го кажа и премиерот дека сум вршел опстукции на владините проекти наменети...

Continue reading

zanaetcija

Занаетчиите ќе избираат претседател на Комората

Post Views: 2 Охридските занаетчии се пред важна одлука. Треба да изберат нов претседател на Регионалната занаетчиска комора. Голем дел од нив сметаат дека поранешното претседателство било крајно пасивно и не ги остварило нивните очекувања и потреби. За десеттина дена треба да донесат одлука кого ќе го изберат од двајцата кандидати. На местото од досегашниот претседател Велјан Филчески  на избор чекаат занаетчиите  чевларот Сашо Богоески и козметичарката Сузана Наумоска. Занаетчиите  од разни профили треба да одлучат кој од нив двајца ќе ја добие довербата за поактивно да  ги застапуваат...

Continue reading

opshtina Ohrid

Општина Охрид повторно без кредит

Post Views: 1 Охрид пак ќе почека за влез во втора фаза на децентрализација. Иако на 38-та седница, советниците едногласни во изгласувањето на Предлог одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, сепак деновиве општината и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки. Градоначалникот разочаран од оваа одлука, бидејќи од нивна страна се исполнети сите услови за добивање на кредитот. „Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Донесете сега вие одлука, па одлуката застарела, донесете друга одлука,...

Continue reading

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

alce

Вонредното чистење на улиците останува да се наплаќа по метар должен

Post Views: 1 На последната седница на Советот на општината, не помина Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците, кое го врши Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“. Одлуката со која требаше да се даде согласност за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците од страна на „Охридски Комуналец“, на последната седница на советот не помина пред Охридските советници. Советниците од ДПМНЕ недавањето на својата доверба го објаснија со тоа дека е потребно да се направи дополнителна анализа на пресметката за оваа нова давачка. Исто така, тие побараа и објаснување...

Continue reading

kasarna

Владата пишман аџија за охридската Касарна

Post Views: 7 Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства. Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик...

Continue reading

sednica sovet

Маратонско издание на 38-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 0 Маратонска и мачна 38 – ма седница на Советот на Општината. Уште на самиот нејзин старт, советниците од редовите на ВМРО народна, истата ја напуштија: Објаснување, знак на протест поради деградацијата на највисокотот тело Советот, од страна на општинската админстрација со тоа што советниците не биле информирани за ниту еден културен настан кој под нејзин патрон бил организиран, ниту за посетата на странските делегации на општината. Побараа канцеларијата на Претседателот на советот да биде нон-стоп отворена, како и отворање на канцеларија за советници. Градоначалникот...

Continue reading

Советниците и Локалната ги подржаа Охриѓани

Post Views: 0 Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса. Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август...

Continue reading

Кој кому мачка очи?

Post Views: 0 На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното. Само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top