Ознака: одлука

Предлог одлука за Белчишко блато

Post Views: 22 Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата. Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Continue reading

Голем автогол на Уефа поради последната одлука

Post Views: 4 Турција е бесна, а разочараност владее и многу пошироко. Уефа го одбила предлогот пред вечеаршниот натпревар помеѓу Полска и Португалија да се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад во Истанбул со една минута молчење. Спрема последните податоци, во нападот на бобашите самоубијци се убиени 41 лице од кои 13 биле од други националности, а стотина се ранети. Но, Уефа смета дека тоа не е причина за минута молк пред натпреварот во првото четвртфинале. Објаснувањето зошто е одбиен овој предлог е повеќе од бизарно. “Уефа  ваква почит оддава кога настанот е поврзан...

Continue reading

Судот со одлука за конечен крај на Мишел Платини

Post Views: 1 Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација. Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка пред...

Continue reading

“FA” донесе одлука за инцидентот на Мурињо и докторката на Челзи

Post Views: 1 Харизматичниот Португалски менаџер на Челзи ја избегна казната од пет натпревари суспензија и парична казна поради навредливиот речник спрема Ева Карниеро. FA спроведе полна и темелна истрага од тужбата на докторката на Челзи дека Хозе Мурињо користел дискриминирачки речник во првиот натпревар од сезонава. Мурињо во споменатиот натпревар на стартот од сезоната упати навредливи зборови кон физиотерапевтката (filha de puta) и со тоа Мурињо го пркрши ставот Е3 на правилникот на FA, спрема кој e казниво користење на навредливи фрази и зборови кон други лица. Но, FA клеветите...

Continue reading

Нема одлука за вакцинација на деца против ковид–19

Post Views: 5 Погрешно е тврдењето дека е „донесена одлука“ и дека „некој во наше име одлучил“ за вакцинирање на деца од 5-12 години. Одлуката за набавка на 10.000 педијатриски вакцини на „Фајзер“ не е одлука за вакцинација. Крајниот збор за педијатриските вакцини ќе го има националната Комисија за имунизација. Пост на Фејсбук дезинформира дека е донесена одлука за вакцинација на деца, по пример на некои од европските земји, како Белгија, каде вакцинацијата е на доброволна база. Одлуката „веќе“ била донесена за напролет да се почне со вакцинација на деца од 5 до 12 години?!?! Кој...

Continue reading

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ

Post Views: 5 Советот на Општина Дебрца на денешната, 58 седница едногласно донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за отфрлање на предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион, потврдувајќи ја својата надпартиска сплотеност и изразувајќи ја волјата на жителите на Дебрца. Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци. Со распишувањето...

Continue reading

Забранети енергетските пијалоци

Post Views: 15 Во четвртокот донесена е одлука за забрана за продажба на енергетски пијалоци за помлади од 18 години, со што Литванија направи преседан внатре во Европската унија, а одлуката ја образложила како здравствена причина. Мерката на сила ќе стапи во ноември, а за неа гласале 88 од 96 присутни пратеници на Литванскиот парламент, додека 8 се воздржале од гласање. Литванското министерство за здравство објавило дека забраната претставува преседан во ЕУ и се надева дека нивниот пример ќе го следат и останатите членки на унијата. Претставникот од министерството за здравство, Алмантас...

Continue reading

Ali Ahmeti

Али Ахмети ја поздрави одлуката за корекција на енциклопедијата

Post Views: 3 Во земјава да владее мир, проблемите да се решат на вистински начин и да се рефлектира вистината во идната исправена енциклопедија со учеството на албанските академици, изјави тој. Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ја поздрави последната одлука на МАНУ за да ги поправи спорните делови на „Македонската енциклопедија“. Тој рече дека оваа одлука на МАНУ е резултат на сите, почнувајќи од интелектуалците, па до политичките партии. – Сметам дека тоа што веќе се случи со синоќешното соопштение на МАНУ е голем придонес не само за намалување на тензиите, туку е и голема придобивка...

Continue reading

Исчезнати 2300 примероци на смртоносен вирус

Post Views: 3 Францускиот институт Луј Пастер признал дека од нивниот магацин пред извесно време исчезнале 26 кутии со 2300 примероци на смртоносниот вирус SARS, пренесува Euronews. Неверојатното исчезнување е откриено при рутинска контрола на магацинот. Од институтот смируваат со тврдењата дека нема опасност по здравјето на луѓето бидејќи исчезнатите примероци немале никаков инфективен потенцијал. Интерната истрага траела околу два месеци, а потоа институтот ја известил националната регулаторна агенција за лекови и здравствената сигурност (MSNA) за случајот. MSNA веднаш покренала...

Continue reading

Ердоган: Не ја почитувам одлуката на судот

Post Views: 6 Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја критикувал одлуката на уставниот суд да ја укине забраната за пристап на Твитер кој самиот тој порано го наредил. „Секако дека мораме да ја спроведеме одлуката на судот, но јас не ја почитувам таа одлука“, изјавил Ердоган за новинарите пред заминување на пат за Азејберџан. „Нашите национални вредности се погазени“, оценил тој. Највисоката турска институција оценила дека забраната за пристап на Твитер е неуставна и дека тоа е кршење на слободата на изразување. Турската управа за телекомуникации го блокираше пристапот на Твитер ноќта...

Continue reading

evra

Сами ќе решаваме како ќе се користат ИПА фондовите

Post Views: 4 Одлуката на Европската комисија да и ја пренесе на Македонија надлежноста за управување со ИПА фондовите, е тема на прес конференција, што денеска ќе ја одржи Владата. На прес конференцијата закажана за претпладнево ќе говорат вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Оваа одлука на ЕК е доказ дека капацитетите на Македонија за децентрализирано управување со ИПА фондовите се зајакнуваат, а со тоа се зголемуваат и обврските и одговорноста на македонските...

Continue reading

лого

Одлука за укинување на визите

Post Views: 1 Европската Комисија денеска на Советот на министрите на Европската унија ќе му предложи укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Одлуката за префрлување на Македонија, Србија и Црна Гора на белата шенген листа од први јануари 2010 година, како што е најавено, во Брисел ќе ја соопштат еврокомесарите за правда и за проширување Жак Баро и Оли Рен, на прес конференција. Потпретседателот на Европската комисија Баро, минатата недела најави дека препораката за укинување на визите ќе биде донесена во вторник. Според него Македонија има направено најголем напредок...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top