Вонредното чистење на улиците останува да се наплаќа по метар должен

На последната седница на Советот на општината, не помина Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците, кое го врши Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“.

 |  Крсте Голабовски  | 
alce
Алче

На последната седница на Советот на општината, не помина Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците, кое го врши Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“.

Одлуката со која требаше да се даде согласност за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците од страна на „Охридски Комуналец“, на последната седница на советот не помина пред Охридските советници. Советниците од ДПМНЕ недавањето на својата доверба го објаснија со тоа дека е потребно да се направи дополнителна анализа на пресметката за оваа нова давачка. Исто така, тие побараа и објаснување зошто е потребно да се воведе уште една давачка, кога веќе има износ кој инвеститорите го плаќаат пред добивање дозвола за градба. Бидејќи пред охридските советници никој не застана во одбрана на оваа одлука, Сашо Алче, првиот човек на „Комуналец“ со објаснување.

„Не е воведена нова давачка туку трансформирана е заради практични причини, бидејќи Секторот за урбанизам и заштита на животна средина и комунален развој издава одобренија за прекоп изразено во метри должни.Од тие причини, за да не се јави разлика во нивната одлука во метри должни и нашата за јавна чистота во метри квадратни, ние сакаваме истата одлука да ја трансформираме“, вели директорот на Комуналец.

Алче додава дека ниту е зголемена цената, ниту пак ова претставува обид да се воведе една дополнителна давачка кон граѓаните. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираа и за тоа што во предлог одлуката не стои временската рамка во која би се наплаќала давачката, зошто истата не е наведена и дали станува збор за еднократна или повеќекратна давачка. Алче со одговор и на ова прашање.

gjubreСе плаќа еднократно и ЈП „Охридски Комуналец“ мора да ја одржува хигиената онаму каде се вршат прекопи, а со друг закон и со друго одобрение кое го издава Секоторот за урбанизам и заштита на животна средина и комунален развој  е утврдено до кога трае дозволата и како треба да се врати во првобитната сосотојба“, дециден е Алче.

Директорот на Комуналец вели дека не држи објаснувањето на некои од советниците за непоминувањето на одлуката пред градскиот совет. Додава дека вистинската причина за тоа, едноставно  е политиката. Воопшто не е изненаден од ваквите постапки на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на седниците на совет не поминувале ни извештаите за работење на ова претпријатие, извештаи кои се позитивни и во кои точно е наведено што се е сработено, додава тој.

Се работи за чиста опструкција од страна на една политичка партија врз едно ЈП кое функционира добро. Зошто го прават тоа и врз која основа ги носат одлуките, како и зошто ќе се гласа не знам, меѓутоа граѓаните на Охрид ќе ја препознаат и таа работа“, објаснува Алче.

Директорот на Комуналец, со став дека оава се одлуки кои треба да се донесат од практични причини. Додава дека се работи едноставно за политичка пресметка што прерасна во секојдневие за жал, па така, наместо да му се помага на ЈП полесно да аплицира во извесни проекти за добивање дополнителни средства, ние секојдневно се судруваме со опструкции, а трпат граѓаните на град Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top