Ознака: одделение

gorgievski

Ѓеоргиевски: „Охридското одделение за катастар едно од најпроблематичните“

Post Views: 2 Граѓаните од Охрид и околината кои имаат проблем со своите имоти,  директно можат да му ги кажат на директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски или пак на неговите лични соработници. Охриѓани веднаш ја искористија оваа можност и побараа прием од првиот човек на агенцијата. „Јас доста време чекав поради новиот премер што е направен, имав некои промени од стариот премер порано некои места се поместени, поточно она што беше мое сега е од комшијата и обратно. Доста врме чекавме. Една година сигурно се мачев, а бев и во Скопје за случајов  и некако...

Continue reading

fizcko

На децата од нижите одделенија физичко им го заменуваат со математика

Post Views: 7 Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет. „И покрај тоа што училишните торби им се претешки и децата постојано седат, единствена можност за физичка активност им се часовите по физичка култура кои иако им се по распоред, се кратат“, велат родителите. Проблемот го насочуваат кај учителките кои и покрај тоа што ги тераат децата да носат соодветна опрема, сепак не го одржуваат часот, а доколку сакаат да го одржат немаат термин во...

Continue reading

Дали им дојде крај на турканиците пред Катастар?

Post Views: 5 Електронскиот катастар наскоро ќе биде достапен и во нашата општина. Оваа алатка ќе им овозможи на граѓаните во било кое време и од било кое место да имаат увид во сопствениот имот. Крајниот рок за воведување на електронскиот катастар е Јуни 2012 година. Оваа алатка досега е имплементирана во Скопје и во уште тринаесетина градови. Од подрачното одделение на Агенцијата за катастар и недвижности велат дека до средината на Март ќе биде воведен електронскиот катастар. Со ова, раководителот на одделението Робе Тодороски вели дека во голема мера ќе се намалат гужвите пред...

Continue reading

Arhiv

Историските архиви – база на националниот идентитет на една држава

Post Views: 10 Создавањето на документите и нивното чување во архивите е многу значајна постапка, тесно поврзана со секојдневните потреби на човекот. Документите се тука да докажат дека некој настан се случил, да докажат дека нешто е наше или дека нешто било отуѓено од нас. Есенцијалниот дел од наследството на една држава пак, уште од 1976 годинс според УНЕСКО се Државните архиви. Државниот архив го документира историскиот, економскиот и политичкиот живот на една држава, а е и нејзина база за националниот идентитет. Илинка Јанева – раководителот на подрачното одделение на Државниот...

Continue reading

osnovno

Се помал бројот на основците

Post Views: 5 Се помал бројот на ученици кои се запишуваат во основните училишта. На претходната седница на Совет, советниците ги изгласаа предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици. Серафим Наумоски од одделението за образование на Секторот за јавни дејности при Општината, информира дека споредбено со минатата година, само во прво одделение се запишале 11 ученици помалку од лани. „ Да бидеме искрени бројката на запишани ученици од година во година бележи пад, на учениците од некаде 548, 530, оваа година бројот е најмал но тоа е во селските...

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

nagradi

Избрани најдобрите Топ 10 ученици од Охрид

Post Views: 50 Емилија Ракичевиќ, ученичка во 6 одделение од основното училиште „Григор Прличев“ е добитничка на прва награда Топ 10 ученици од Охрид. Единаесет годишната Емилија  во конкуренција на 20 нејзини  врсници покажала одлични резултати, а се подготвувала темелно. Кон  Емилија која покажа одлични резултати во изборот Топ 10 ученици од Охрид, се приклучија и останатите девет ученици. Од  5 –то деветолетка, Јована Ѓорѓиеска и Марија Турмакоска, од 5 –то осмолетка Владо Војданоски и Лео Спасески, шесто одделение Јана Василеска, седмо одделенците Марија Таштаноска и Марина Ѓорѓиеска ...

Continue reading

in memoriam d-r Nikola Naumov

Охрид се прости од Д-р. Никола Наумов

Post Views: 3 Во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, во присуство на претставници на Локалната самоуправа, неговите најблиски од семејството, како и колеги и пријатели, за последен пат беа истакнати неговите дела и заслуги. Градоначалникот, Александар Петрески во својот говор истакна дека останува неизбришлив споменот за човекот, кој сите кои што го познаваа го почитуваа. Петрески рече дека Др. Наумов ќе биде запаметен како голем човек, хуманист, не само по професија туку и во човечка смисла. Од името на лекарскиот есанаф се обрати претседателот на Здружението...

Continue reading

pedijatrija

Апaртманскиот одел на педијатрија, со првите пациенти

Post Views: 1 Доопремен и подготвен да ги прими првите пациенти, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија при Општа болница – Охрид. Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, повторно на дело ја потврди безграничната хуманост. Анета Јовановска од Црвениот Крст, вели дека неколку години наназад оваа организација во своите активности, традиционално организира една спортско рекреативна акција наречена „За посреќно детство“. Токму со средствата собрани преку оваа акција, беа набавени кревети со кои во целост се опреми овој апартмански дел. Началникот на детското одделение,...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

rotari klub donacija

Пуштен во употреба одделот Б при детското оддление во ЈЗУ Oпшта болница Охрид

Post Views: 13 Отворен новиот дел на одделението за педијатрија при ЈЗУ Општа болница – Охрид. Одделот Б како што го нарекоа целосно е наменет за создавање подобри сместувачки и здрваствени услови во лекувањето на најмладите пацинти. „Идејата за проширување на одделението со искористување на слободен простор во делот т. н тераса со површина од 220 метри квадратни, се роди пред две и пол години од страна на стручнот тим на Р.Е Педијатрија. Нашата желба брзо беше прифатена од раководниот тим на општата болница, а за нејзина комплетна реализација се погрижи Ротари клубот од Охрид“, вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top