Ознака: одделение

Наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение

Post Views: 14 Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование. Тие како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение. Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генерации...

Continue reading

Изградба на нов објект за Охридската трансфузиолошка служба е планот на надлежните

Post Views: 27 Реконструкција на Охридското одделение за трансфузиологија не е паметна инвестиција за надлежните. Објектот во кој функционира Службата за трансфузиона медицина во Охрид не ги исполнува условите ниту просторно ниту локациски, покажале анализите, а неодамна јавноста беше шокирана и од споделените фотографии на социјалните мрежи за внатрешните услови. Влажни и мувлосани подрумски простории, дотраена дограма, искршен мебел се далеку од стандардите за нормално одвивање на дејноста.   Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој...

Continue reading

Педијатри од Скопје ќе работат на детското одделение во Охрид

Post Views: 5 Специјалисти педијатри од скопската Клиника ќе работат на детското одделение во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид. Распоредот на ротација ќе се направи откако ќе се изгласа измената на Законот за здравствена заштита кој ќе им овозможи на специјалистите  од сите здравствени установи да може да работат низ целата  држава. Оваа најава следува откако пред повеќе од еден месец, поради недостиг на педијатри детското одделение во Охрид работи само како амбуланта од 08 до 20ч. Итните случаи од Охрид за време на ноќта и викенди се препраќаат...

Continue reading

Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Post Views: 11 Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19. Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....

Continue reading

Лекари од скопската Клиника на позајмица за Детското одделение во Општата болница Охрид

Post Views: 0 Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје. Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата. Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг...

Continue reading

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 1 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески. Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар...

Continue reading

Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Post Views: 0 Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение. Во рамките на иницијативата...

Continue reading

Нападната вработена во Инфективното одделение во Охрид

Post Views: 2 Денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Инфективното одделение во Охрид, едно лице најнапред вербално, а потоа и физички нападнало вработена на oдделението. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Градоначалникот Георгиески подготвен да дежура со колегите на Инфективното одделение

Post Views: 1 Охридскиот градоначалник Константин Георгиески, повторно ке облечи бел мантил,  ќе им помага на колегите од јавното здравство. На денениот состанок со министерот Филипче доброволно кажа дека е подготвен како доктор интернист  да дежура рамо до рамо со колегите на Инфективното одделение во охридската болница. Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот секојдневно се стеснуваат каппацитетите,  медицинскиот персонал е преморен. „Денес имавме состанок втор состанок со министерот Филиппче, за ангажман на лекарите од приватните болници. Станува збор за 72 лекари...

Continue reading

Во тек е проект математика 3 бесплатна он лајн настава за трето одделение

Post Views: 0 Во ПИСИ образовниот центар од Охрид се одржуваат бесплатни он лине часови за математика за третоодделенци. Како центар со долга традиција и успех, професионалци во својата област меѓу која е и он лине наставата, Писи одржува настава за трето одделенците од цела Македонија, но и за сите ученици кои разбираат Македонски јазик од целиот свет, информира проф. Ангел Јанев сопственик на ПИСИ образовниот центар. Наставата се одржува веќе еден месец според наставниот план и програма за основно образование дадена од МОН , во деновите понеделник и среда од 20 и 15 до 20 и 45 мин....

Continue reading

Во Охрид нема да има настава со физичко присуство над 3то одделение

Post Views: 0 Наставата од 1ви октомври во Охрид за учениците од 4то одделение до 9то и за средношколците ќе започне он лајн. Општина Охрид не доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во  основните и средни училишта, чиј основач е Советот на Општина Охрид, според информацијата од Владата за донесените одлуки на последната седница. Владата објави листа на училишта на кои им е дозволено да држат настава со физичко присуство на која има169 училишта од кои само 4 се средни училишта и ниту едно не е во Охрид. Иако во информацијата од Владата стои  дека...

Continue reading

Помош во медицински средства за гинеколошко-акушерското одделение во Охрид

Post Views: 3 Црвениот крст во соработка со ЛДС црквата од Америка обезбеди средства за хигиена, заштитни маски, ракавици, визири. Општинската организација на Црвен крст од Охрид, материјалите ги додели за потребите на Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница во Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top