Ознака: одделение

благодарница

Пензионерите им се заблагодарија на докторите од охридската болница

Post Views: 3 Денеска здружението на пензионери, по повод денот на стари лица, ја посети општата болница во Охрид за да му се заблагодари на лекарскиот персонал за помошта и грижата која ја покажуваат кон постарите лица. Специјални благодарници и признанија им беа лично врачени на докторите и директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов. „Ние како пензионерска асоцијација од девет и пол илјади членови сме задоволни од активностите што ги превзема медицинската болница во Охрид и затоа денеска најдовме начин за голема благодарност до директорот којшто овозможи да направиме едно...

Continue reading

logo

Вредна донација за детското одделение во Охрид

Post Views: 5 40.245 евра вредна медицинска опрема ќе биде донирана на Детското одделение при охридската Општа болница од страна на Ротари клубот од Охрид. Станува збор за донација реализирана со поддршка на Ротари фондацијата на Ротари Интернешнл и неколку ротари клубови од Италија, Шведска и Србија. Според најавите, на официјалната церемонија за примопредавање на опремата која денес ќе се одржи, ќе присуствуваат Ружди Муфти, претседател на Ротари клубот од Охрид и Леонардо де Анџелис, претседател на Ротари фондацијата во дистриктот 2072.Набавената нова опрема е од врвни странски...

Continue reading

poseta

Основците и пожарникарите

Post Views: 4 Учениците од трето одделение од ОУ „ Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување. Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга...

Continue reading

tasna

Огромен е процентот на деформитетите на рбетот и стоплата кај децата во Македонија

Post Views: 8 Од година во година расте бројот на деца кои страдаат од најразлични видови деформитети како на рбетниот столб така и на стопалата. Бројките се алармантни, во Македонија речиси и да нема дете без деформитет на стапалата. Деформитетите на стапалата можат да бидат најразлични, од рамни стапала па се до вродени деформитети, додека деформитетитите на рбетот  кај децатата обично се јавуваат во форма на сколиоза и кифоза.  Кога станува збор за деформитетите на рбетниот столб кај децата, физијатрите го демантираат популарното мислење, дека причина се претешките училишни чанти....

Continue reading

opstina

Локалната бара компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе раководни позиции

Post Views: 1 Позициите за кои се бара пројавување на интерес се Раководител на Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште, Раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, Одделение за инспекциски надзор-инспекторат Раководител на Одделение за инспекциски надзор-инспекторат, Овластен градежен инспектор, Раководител на Одделение за јавни набавки, Командир на територијална противпожарна единица. Огласот се однесува и на позицијата Директор на јавните претпријатија во градов, Директор на основните училишта во градов, Директор на средните училишта како и за...

Continue reading

knigi

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 1 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Continue reading

школо

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 1 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Continue reading

gerijatrija

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Post Views: 1 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...

Continue reading

masina perenje donacija

Геријатриското одделение во Охрид се поднови со медицински душеци и машина за перење

Post Views: 3 Геријатриското одделение при Општата болница од Охрид се поднови со 22 медицински душеци, машина за перење, неколку простории обложени со ламинатни подови и уреден двор. Сето ова како донација од социјалното друштво „Свети Наум-Охридски“ од Мелбурн-Австралија кое досега во неколку наврати има донирано во охридската општа болница. Од друштвото велат дека сето ова што го донираат е со цел да се направи поудобен престојот на старите и изнемоштени лица во геријатриското одделение. „Нема на кого немаме помогнато досега во градот Охрид, во Општа болница Охрид, и на поединци...

Continue reading

школо

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Post Views: 1 Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот...

Continue reading

Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година

Post Views: 6 Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија. Стипендијата е во месечен износ...

Continue reading

poseta

Како се меси леб

Post Views: 1 Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки. Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци. Одговорниот технолог  навистина им го привлече вниманието со детално објаснување и демонстративно покажување во  самиот процес на производство,притоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top