Ознака: одделение

геријатрија

Празничен ручек за пациентите на геријатрија

Post Views: 1 Големиот христијански празник Велигден весело се одбележа и на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од здружението „Св Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделение ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. Инаку соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение. Ова здружение од Мелбурн...

Continue reading

gerijatrija

Ќе се гради нов павиљон од геријатриското одделение

Post Views: 10 На повидок е изградбата на новиот павиљон од геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Директорот Љубен Арнаудов вели дека во тек е изготвувањето на проектната документација. Години наназад и општината и болницата се борат за проширување на ова одделение каде се сместени стари и изнемоштени лица. Се соочуваме стварно со голем  проблем и етички и медицински и морален. Геријатриското одделение вакво какво што е е планирано за некои стандарди кои важеа пред 20-30 години. Условите воопшто не одговараат на денешните стандарди, вели Арнаудов. Денес стандардите...

Continue reading

bolnica

Во охридската болница нема алерголог

Post Views: 18 Алерголошката амбуланта при општата болница во Охрид веќе неколку месеци не работи. Откако алергологот Љубица Андоновска си замина во пензија оваа амбуланта која воедно беше и регионален центар бидејќи тука се лекува пациенти од околните градови, се затвори. Пациентите кои имаат проблем со алергиите загрижени. Прашуваат каде да се јават кога ќе имаат потреба од лекови и преглед. Директорот на болницата Др. Љубен Арнаудов признава дека имаат проблем со недостиг на стручен кадар, но смирува дека се прават сите напори проблемот да се реши. Моментално пациентите се лекуваат...

Continue reading

srednoshkolci

Започнува запишувањето во средните училишта

Post Views: 3 Полуматурантите утре и задутре (17-ти и 18 јуни)  ќе се запишуваат во прва година средно образование во учебната 2011/2012 година. Согласно со објавениот Конкурс, на располагање се 35.394 слободни места во 1.041 паралелка. Од нив, 11.730 места во гимназиите, 22.814 во стручните училишта, 578 во уметничкото образование и 272 во спортската гимназија „Методија Митевски-Брицо“ во Скопје. Конкурсот нуди над 10.000 места повеќе од вкупниот број завршени осмоодделенци (25.152 според  податоците на МОН), со што тие имаат поголема можност за избор и професионална ориентација. На...

Continue reading

Nikolas Cage

Николас Кејџ на корици на српски учебник по биологија

Post Views: 3 Еден корисник на “Твитер“ на својот профил ставил слика од учебник по биологија за осмо одделение, на чии корици се наоѓа фотографија од холивудскиот актер Николас Кејџ. Па така некои поранешни ученици се присетиле на книгата од која учеле. Старото издание на учебникот по биологија за осмо одделение на корицата има фотографија од брачен пар со бебе. Не станува збор за било кој анонимен пар, туку за холивудскиот актер Николас Кејџ и неговата сопруга Холи Хантер. Брачниот пар глумел во филмот “Raising Arizona“ од 1987 година на браќата Коен, не сонувајќи дека десетина...

Continue reading

ujp

Земјоделците да се пријават за паушално оданочување со персонален данок

Post Views: 4 Граѓаните кои се знимаваат со земјоделска дејност било тоа да им е дополнителна или основна дејност, а кои оствариле приход од  еден милион и 300 000 ден. Во текот на 2014та год. До крајот на месецов треба да се регистрираат и пријават во Управата за јавни приходи за паушално оданочување со персонален данок . Доколку тоа до сега не го сториле потребно е да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе се регистрирани како обврзници кои остваруваат...

Continue reading

bozik gerijatrija

Божиќен ручек на геријатрија од нашиците во Австралија

Post Views: 5 Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски. „Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните празници...

Continue reading

logo

Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време

Post Views: 4 Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година,  ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.Причина за оваа одлука е  совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите...

Continue reading

gerijatrija

Пензионерите и годинава празнично на геријатрија

Post Views: 1 Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото. „Ги видовме условите тие се подолго...

Continue reading

ginekologija

За високиот процент на царски резови во Охрид имаат оправдување од болницата

Post Views: 5 Неодамна ФЗОМ објави алармантни податоци, односно висок процент на породени по пат на хируршка интервенција. Според нив дури 50% или секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени со царски рез. Д-р Ѓоко Танески од гинеколошкото одделение при општа болница Охрид вели дека процентот на царски резови во Охрид, пред да отидат на работа во струшкото гинеколошко одделение во времетраење од три години поради реконструкција на болницата, се движел до 30%. „За тие три години во струшкото одделение се породија околу 1800 пациентки од Охрид од нив скоро половина се породени...

Continue reading

glupaca

Шестооделенците во Србија учат дека жените се глупави

Post Views: 3 Во учебникот за граматика „Граматоломија“ за шесто одделение од издавачката куќа Либар, во делот во кој се објаснува што се тоа суфикси зборот „глупача“ е дефиниран како женска личност. Издавачот се извини: „примерот е грешка“. Но тоа не ја смири јавноста која се крена против таквиот облик на сексизам во школската литература.Топло му препорачуваме на северниот сосед да ги разлиста нашите учебници па да види што се грешки во учебникарството. {loadposition content9}

Continue reading

sahisti

Значаен успех на младите охридски шахисти

Post Views: 2 На  државниот натпревар  во шах, што како дел од  натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска , ученичка од шесто одделение од ОУ „ Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија. На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „ Ласкер“ и со поддршка на општина Охрид учествуваа ученици од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Ванчо Николески“ , ОУ „ Живко Чинго“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Григор Прличев“. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top