Ознака: одбележа

Охрид го одбележа Денот без автомобили

Post Views: 0 Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Низ охридските улици се одржа и велосипедско дефиле . Од името на Локалната самоуправа заменик градоначалникот Константин Георгиески упати порака до граѓаните. „Со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштедува...

Continue reading

Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија

Post Views: 9 Охриѓани го чествуваа 2 август Денот на македонската државотворност. Се одбележаа датумите на двата Илиндени 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од оджувањето на Првото заседание на АСНОМ. Историчарот, проф. Ристо Николески направи историски осврт на развитокот на државата на македонскиот народ. „Државата на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби. Иако историјата на македонската нација и македонската државност има многу сличности по својот развоен пат, со многу неисториски народи од некои од словенски држави и народи, но има специфики...

Continue reading

Денот на лицата со попреченост одбележан и во Струга

Post Views: 14 Со низа манифестации денес во Струга се одбележа 3-ти декемеври Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот под мотото „Слушнете ги нашите приказни“ беше промовирана и книгата „Клуч“ посветена на лицата со попреченост. Драма која ги охрабрува да не се откажуваат од целта, бидејќи без оглед на инвалидитетот тие може да постигнат успеси.   Книгата е приказ на секојдневниот живот на лицата со попреченост, но и на сите бариери со кои тие се справуваат. Секогаш кога сакаме нешто да постигнеме тоа не е невозможно еве како ќе успеам. Секогаш можеме да успееме...

Continue reading

Со свечена академија економското училиште од Охрид го одбележа својот патрон

Post Views: 1 Средното стручно Училиште „Св Кирил и Методиј “, Охрид го одбележа својот патрон. Директорката Славица Костоска, синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на свечената академија истакна дека во изминатото четири годишно напорно работење во скромни услови, со ограничени средства, успеале да навлезат во најновите методи на воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги тука и учениците, со цел да создадат квалитетни личности кои ќе бидат подготвени да чекорат низ животот. „За првпат оваа година имавме повеќе запишани ученици од оние што завршиле . Инаку од нашето основање секогаш имаше...

Continue reading

Охрид го одбележа денот на пожарникарството

Post Views: 0 Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од нејзиното...

Continue reading

Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ го одбележа Светскиот ден на театарот

Post Views: 0 Светскиот ден на театарот годинава во знакот на 7 деценискиот јубилеј од Интернационалниот театарски институт УНЕСКО. Поради тоа, годинава наместо една, ќе се читаат пет светски пораки во театрите низ светот. Директорот на ЦК Стрезо Стаматоски кажа дека годинава има и една македонска порака, која ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев, а која ќе се чита пред почетокот на вечерашната изведба на претставата Аналфабет. „Интернационалниот ден на театарот практично е ден кој ја одбележува важноста на театарот во општеството и служи да ги разбуди оние естаблишменти...

Continue reading

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти одбележа својот патронен празник

Post Views: 3 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење. Имаше реконструкција на училиштето...

Continue reading

„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта

Post Views: 3 Ј.П.„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).  Засадени се вкупно 50 садници на следните локации: покрај пешачката патека пред х.Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена...

Continue reading

Во Охрид се одбележа Светскиот ден на ретки болести

Post Views: 1 Со марш низ улиците на Охрид на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Охрид им се даде подршка на заболени од ретки болести и воедно се одбележа Денот на ретките болести кој секогаш е на крајот на февруари. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник

Post Views: 1 Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број. Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени многу наградени...

Continue reading

Охрид го одбележа денот на рибарите

Post Views: 5 Денес се слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште. Градоначалникот Јован Стојаноски беше меѓу охриѓани и гостите кои не ги попречи облачното време и дождот да ја вкусат рибната чорба. Стојаноски упати порака уште многу години граѓаните да го слават празникот на пригоден начин како што доликува покрај Охридското Езеро. „ Издржа и времето 30 дена и со целокупната...

Continue reading

Градот достоинствено го одбележа патронатот и својот заштитник Св. Климент Охридски

Post Views: 6 Охрид достоинствено го одбележа својот патронат и заштитник Св. Климент Охридски. По тој повод празникот беше одбележан и со свечена академија на која присуствуваа голем број охриѓани и гости. Повеќе од 11 века со својот дух и трајни световни пораки Св .Климент на многу генерации им го осветлил патот и ги водел кон иднината. Во многу вековното битусување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластoви, свој белег оставиле неимари, цареви, освојувачи и владатели и духовни водачи кои со своите дела ја моделирале вечноста на овој град, но Св Климент со својот хуманизам ,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top