„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта

Ј.П.„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).

 |   | 

Ј.П.„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera). 

Засадени се вкупно 50 садници на следните локации: покрај пешачката патека пред х.Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена боја. Погодна е за климатските услови во охридскиот крај и отпорна  на ниски температури.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top