Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ го одбележа Светскиот ден на театарот

Охридскиот народен театар со изведба на претставата „Аналфабет“ по текст од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорги Ризески, ќе го одбележи Интернационалниот ден на театарот. Директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, Стрезо Стаматоски открива дека охридскиот театар бележи зголемување на посетеноста на претставите. Охрид е театарски град, а луѓето се гладни за културни настани од оваа сфера, вели Стаматоски.

 |  Николоска Биљана  | 

Светскиот ден на театарот годинава во знакот на 7 деценискиот јубилеј од Интернационалниот театарски институт УНЕСКО. Поради тоа, годинава наместо една, ќе се читаат пет светски пораки во театрите низ светот. Директорот на ЦК Стрезо Стаматоски кажа дека годинава има и една македонска порака, која ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев, а која ќе се чита пред почетокот на вечерашната изведба на претставата Аналфабет.

„Интернационалниот ден на театарот практично е ден кој ја одбележува важноста на театарот во општеството и служи да ги разбуди оние естаблишменти кои што се во државата, како политички партии, уредувања, со цел да укажат на важноста на уметноста и се она што таа го носи и придонесува за едно општество

Стаматоски информираше дека пораката ќе се чита и во изложбениот салон од центарот, после претставата на пригодна свеченост. Тој откри дека охридскиот театар во 2017 година се издвоил од останатите во земјава по зголемениот бројот на публиката, дури за 27 %.

Тоа му пркоси на оној генерален процент кој што беше објавен од Државниот Ззавод за статистика кој во изминатата 2017 год во Македонија има пад на гледаноста за 7 % но Охрид покажа и докажа дека дека е театарски град и дека е гладен за театар и дека ги посетува театарските претстави. јас сум многу задоволен од фактот што веќе почнавме да ги продаваме билетите за неколку часа а не за неколку денови“. 

Инаку оваа сезона охридскиот театар ќе реализира 6 претстави од кои две детски, три одобрени од Министерството за култура, и една во соработка од Локалната самоуправа на општина Охрид. Меѓу нив се насловите: „Стаклена менажерија од Тениси Вилијамс, во режија на Софија Ристеска, „Каде е пиштолот господа“ во режија на Дејана Николоска и „1984“ во режија на Ирена Стерјоска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top