Ознака: одбележа

Се одбележа Денот на рибарите

Post Views: 2 Денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото продолжуваат Богојавленските чествувања во градов. На тој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест. Многу граѓани од Охрид, но и од други градови на Македонија и пошироко дојдоа да бидат дел од оваа црковно-народна манифестација. И оваа година празникот покрај со капење во водите на езерото се одбележа и со приготвувањето и служење рибна чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо Питошески“...

Continue reading

Охрид го одбележа својот патрон

Post Views: 4 Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. „Деновиве Охрид живее во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна црква – Охридска архиепископија, рече во дел од своето обраќање градоначалникот...

Continue reading

Угостителско-туристичкото училиште Ванчо Питошески го одбележа патрониот празник

Post Views: 3 Вработените и учениците од ОУТУ Ванчо Питошески го одбележаа патрониот празник. Од формирањето на училиштето во далечната 1963 година до денес ова стручно школо за угостителство и туризам постојано бележи успеси. Учениците преку програмата Еразмус плус добиваат можност да престојуваат во светски хотели во Европа и преку изведување на практична обука стекнуваат нови знаења, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Забележителен успех учениците постигнуваат и од учеството на меѓународни натпревари по гастрономија. Дома се враќаат со освоени медалји и...

Continue reading

Општина Охрид го одбележа Денот на Европа

Post Views: 2 Се одбележа 9 мај Денот на Европа на пригоден начин во општина Охрид. Нашата желба и надеж е дека во спроведување на реформите вродуваат со плод и дека РС Македонија наскоро ќе биде рамноправен член на европското семејство, рече градоначалникот Константин Георгиески во обраќањето пред присутните. Охрид како крстосница на цивилизациите и столб на кој е изградена Европската унија е место од каде испраќаме повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи, рече Георгиески. „ Ние сме се чувствувале и се чувствуваме како дел од Европа каде што природно...

Continue reading

СВР Охрид го одбележа 7ми мај

Post Views: 32 Денот на безбедноста и македонската полиција – 7 Мај одбележан и во СВР Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој го истакна значењето на полицијата за безбедноста на државата и градот и уште еднаш ја потенцира сложеноста на овој позив.Вие сте тие кои гарантирате безбедност и сигурност за сите граѓани во едно општество, а наша е обврската во рамки на своите надлежности да обезбедуваме услови и да ги поддржиме Вашите проекти. Соработката меѓу општина Охрид и полицијата секогаш била добра, а така ќе биде и во иднина. Сите заедно ќе...

Continue reading

Родниот град го одбележа двојниот јубилеј на макодонскиот преродбеник Кузман Шапкарев

Post Views: 0 Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во Македонија...

Continue reading

igor trajkoski

70 години од битката кај Српница

Post Views: 2 Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница. На овој настан присуствуваше делегација од општина Дебарца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски и делегацијата на сојуз на борци на општините Охрид и Дебарца. За значењето на овој настан пригодно обраќање пред присутните имаа Гоце Георгиески претседател на ОО на СБ и Крсте Крстаноски- учесник во НОАВМ. Германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против едниците на НОВ и ПОМ...

Continue reading

Охрид ја одбележа годишнината од смрта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков

Post Views: 0 Охриѓани ја одбележаа 111 годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на неговата родна куќа, а се одржа историски час за охридските основци во охридскиот Државен Историски архив. Славица Јанковска, раководител на Историскиот архив во Охрид зборуваше за ликот и делото на охридскиот револуционер кој се школувал во Солун и се приклучил на револуционерното движење за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. „Марко Бошнаков е еден од охридските напредни сили кој се приклучил на гемиџиите. Целта на нивното дејствување...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот

Post Views: 5 Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патронатот со пригодна програма. На свеченоста присустуваа в.д градоначалникот Константин Георгиески, советници од ЛС и претставници од семејството Прличеви. На бистата на охридскиот и македонски поет и преродбеник беа положени ловров венец и цвеќе. Олга Прличева, внука на поетот, од името на семејството Прличеви му подари на основното училиште несекојдневен подарок. „Необјавено слово на Григор Прличев. Тематски посветено на младоста. Професијата учител за Григор Прличев била најголемотo звање од сите професии кои ги работел...

Continue reading

СВР Охрид го одбележа 9 декември, денот на превенцијата и превентивното полициско работење

Post Views: 1 Годинава се навршуваат 10 години од оформувањето на одделението за превенција при СВР Охрид кое, со својата работа, заедно со Канцеларијата за односи со јавноста, започна во 2008 година. Со тоа, се стави акцент на превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност, со што се градеше новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници. Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на...

Continue reading

Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник

Post Views: 13 Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор...

Continue reading

Со мировен марш Охрид го одбележа Светскиот ден на мирот

Post Views: 2 Со традиционалниот Марш на мирот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОВ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи  денеска во Охрид беше одбележан Светскиот ден на мирот. Годинава ветераните низ светот маршираат под мотото  ” Правото на мир 70 години од Универзалната декларација за човекови права .  Нема да има мир на оваа планета додека се нарушуваат човековите права, ова се зборовите на Рене Касин еден од архитектите на Декларацијата која е најважен акт со кој се одбележува оваа епоха, истакна во своето обраќање  проф. Љубиша Машановиќ, потпретседател...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top