Со мировен марш Охрид го одбележа Светскиот ден на мирот

Со традиционалниот Марш на мирот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОВ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи  денеска во Охрид беше одбележан Светскиот ден на мирот.

 |   | 

Со традиционалниот Марш на мирот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОВ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи  денеска во Охрид беше одбележан Светскиот ден на мирот. Годинава ветераните низ светот маршираат под мотото  ” Правото на мир 70 години од Универзалната декларација за човекови права .  Нема да има мир на оваа планета додека се нарушуваат човековите права, ова се зборовите на Рене Касин еден од архитектите на Декларацијата која е најважен акт со кој се одбележува оваа епоха, истакна во своето обраќање  проф. Љубиша Машановиќ, потпретседател на Сојузот на борци.

„ Сојузот на борци смета дека манифестацијата во Македонија треба да биде најширокао, општонародна и  граѓанска за која од ова место ќе упатиме една порака за траен мир и благосостојба на човештвото, за водење политика на толеранција  и соживот , за почитување на човековите права,  почитување на владеење на правото, за политичка и меѓуетничка толеранција, рамноправност и меѓусебно разбирање.“ – порача Машановиќ.

Сојузот на борци од НОВ и продолжувачите на традицијата имаат најголемо историско право бескомпромисно да се залагаат за вредностите на мирот и слобода за секој човек, кажа советникот во градскиот совет Мишел Силјаноски.

„Годинешниов мировен марш по повод 21ви Септември, Меѓународниот ден на мирот ја потврдува определбата на Р Македонија дека својот развој го гледа во мирна коегзистенција со своите соседи во поширокото европско семејство.“ – кажа пред присутните советникот Силјаноски.

Годинешната порака на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш пред присутните ја прочита актерот Филип Кипровски.Во дел од пораката се вели дека секој човек, секаде и секој ден треба да се залага за мир.

„ Не треба да се дозволи групните интереси, националните амбиции или политичките разлики да претставуваат ризик за постигнување на мир. На овој меѓународен ден повикуваме на глобално прекинување на користење на огненото оружје. Мирот е право и желба на сите луѓе.“

Присутните на градскиот плоштад, Градоначалникот Јован Стојаноски, пратеници од Охрид во Собранието на Р Македонија, претставници на политички партии, невладини организации и Здруженија на граѓани, борците и граѓаните продолжувачи, со едноминутно молчење оддадоа почит на сите кои го положиле својот живот за мир.  На бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк беше положено свежо цвеќе а на плоштадот „Св Климент Охридски“ се одржа пригодна  културно-уметничка програма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top