Охрид го одбележа денот на рибарите

Охрид го одбележа денот на рибарите. На Сараиште беше подготвена  и рибна чорба од која беа поделени 2000 порции. Чорбата  ја вкусија не само посетителите на манифестицијата туку  и 60-тина  стари  и изнемоштени лица во градот и институциите, а за тоа се погрижија волонтерите на Црвен крст. Во водите на езерото имаше и традиционално капење на  рибарите.

 |  Валентина Неловска  | 

Денес се слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште. Градоначалникот Јован Стојаноски беше меѓу охриѓани и гостите кои не ги попречи облачното време и дождот да ја вкусат рибната чорба. Стојаноски упати порака уште многу години граѓаните да го слават празникот на пригоден начин како што доликува покрај Охридското Езеро.

„ Издржа и времето 30 дена и со целокупната програма од 20 до 20 го постигнавме очекуваниот ефект. Создадовме енергија и живост во градот да има интересни настани во текот на сите празнични денови пред и по Нова година. Веднаш со завршување на оваа програма започнуваме со Охрид живее 365 дена и со други настани со кои градот ќе биде уште пожив“, истакна Стојаноски.

За посетителите беше подготовена вкусна рибна чорба. За подготвакта се погрижија двајца стручни професори и 10 -тина ученици од Државното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“. Со помош на Локалната самоуправа беа обезбедени 400 кг ослич и други потребни продукти, вели директорот на угостителското училише Марјан Радески.

 

 

 

 

 

 

„Оваа година количината е околу 2 тони каде ќе има околу 2000 порции на рибна чорба. Мера која скоро секоја година ја правиме и е испробан тој рецепт“, информира Радески.

4 екипи со волонтери на ОО ЦК се погрижија денешната чорба да ја вкусат 60- тина семејства од ранливите категории и лицата згрижени во институции, посочува Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.

„Како и секоја година дел од рибната чорба ја неменуваме и дистрибуираме до оние кои не можат да дојдат на Сараиште. Тоа се луѓе во социјален ризик, инвалиди, стари и изнемоштени лица кои живеат во руралните средини“, напоменува Точков.

На Сараиште се одржа и традиционалното капење во водите на езерото. 50 -тина капачи се искапија и го продолжија ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top