Ознака: одбележан

Одбележан Денот без автомобили во Охрид

Post Views: 1 Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот а во дефилето покрај, велосипедистите, рекреативците, средношколците и граѓаните учествуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на општинскиот...

Continue reading

Одбележан 24 јуни Денот на Балканските египќани.

Post Views: 1 Одбележан 24 јуни денот на Балканските Египќани. На прославата присуствуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски. При тоа министерот кажа дека определба на новата Влада е да гради едно општество за сите, еднаквост во правата и можностите на сите заедници. „Во областа на културата ќе дејствуваме во правец на децентрализација на културно развивање на можностите да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење. Создаваме нови можности за вистинско и успешно унапредување на културата на сите заедници. Со особена грижа на оние заедници кои подолго...

Continue reading

Одбележан денот на реката Дрим

Post Views: 6 Денот на реката Дрим се одбележа со трибина во селото Орман. На средбата учествуваа претставници од различни институции, инспекторатите за животна средина, од Секретаријатот на Дрин Кор групата, ученици и локално население кое живее по текот на Коселска Река која пак е под сливот на реката Дрим. Станува збор за засегнати страни кои влијаат врз донесување на политики и на ситуацијата со Коселска Река и Црн Дрим како главна река, информира Ѓоко Зороски од ЕД Грашница. Тој кажува дека постојано посочуваат проблеми кои со години се исти. Тоа се неопфатеноста на населените...

Continue reading

Во Охрид одбележан Светскиот Ден на здравјето

Post Views: 2 Децата од рана возраст треба да ги воспитуваме за опасностите кои ги демнат, како и постојано да ги предупредуваме за лоши навики кои предизвикуваат сериозни оштетувања на организмот, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми Април. „Даваме силен допринос од една страна кон негување на здравите животни навики уште од најрана возраст и од друга страна тоа пртетставува еден од начините на кој што општеството односно заедницата ќе се бори против пориците во општеството односно против лошите животни навики пред...

Continue reading

Одбележан патронот на градот и 1 100 год од упокојувањето на Св Климент Охридски

Post Views: 3   Охрид со свечена академија одбележа 1.100 години од упокојувањето на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски. Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, во преполнетата сала пред присутните гости, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека одбележувајќи 11 века под закрилата на патронот Св Климент Охридски, неговите зборови „тргај се од злото и прави добро“ се поука дека од морална одговорност нема спасение. „Создателот на Охридската книжевна школа, Првиот словенски универзитет и јазичното ни писмо ги довика своите ученици и од „добар...

Continue reading

Одбележан 3-ти декември денот на лицата со инвалидитет

Post Views: 11 Во Охрид одбележан 3 декември денот на лицата со инвалидитет. Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден  со неколку спортски активности. Претседателот на здруженеито со телесен инвалидитет  „Мобилност“ од Охрид , Венко Голабоски кажа дека 10 посто од  населението во Македонија е со некој  инвалидитет. При тоа потенцира дека тие не се лица со посебни потреби туку дека се лица со посебни способности.  Голабоски се осврна и на тоа колку се задоволни од досегашните придобивки на институциите. „Придобивките кои државата и општината ги доделува на лицата со инвалидитет...

Continue reading

порака

Одбележан Денот на Охридското езеро

Post Views: 1 Во Охрид се одбележа Денот на езерото. Во езерските води  на симболичен начин беше пуштено шише со завет на најмалите , а кој го потпишаа двајцата градоначалници, на Охрид и Поградец,  Никола Бакраческ и Едуард Капри, дека ќе го чуваат езерскиот бисер кој е најголемиот божји дар. Од Охрид беше упатена и пораката дека особено внимание треба да се посвети на најмладите граѓани, кај кои треба максимално да се подигне свеста за заштита на езерото уште од најрана возраст. Првите луѓе на општина Охрид и Поградец, ги изнесоа своите ставови и забелешки во однос на идните и ...

Continue reading

Во Охрид одбележан Денот на полицијата

Post Views: 2   СВР Охрид денес го одбележа Денот на полицијата и денот на безбедноста, 7 ми Мај. Свеченоста се оджа во нивните простории во присуство на ученици, претставници на Локалната самоуправа, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, соработници. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека имаат добра соработка со СВР Охрид, посебно во делот за превенцијата за најмладите. „Се надевам дека оваа соработка и во периодот што следи ќе продолжи и ќе се прошири се разбира на задоволство на сите нас, бидејќи на почетокот и на крајот од секоја приказна...

Continue reading

Одбележан Денот на реката Црн Дрим

Post Views: 1   Еден и пол милиони луѓе живеат и зависат реката Црн Дрим. Затоа треба да се работи на подигнување на јавната свест на локалните заедница за значението на овој природен ресурс како потенцијал за хидро енергија, риболов и останато. Вчера во срцето на реката Црн Дрим, нејзините извори на познатото Острово во Св Наум, активистите на ЕД „Грашница“ организираа целодневен настан за одбележување на 5 ти мај денот на реката Црн Дрим. Како што истакна Ѓоко Зороски целта е да се укаже на сите трендови кои се однесуваат на загадувањето на Охридското Езеро и Црниот Дрим и влијанието...

Continue reading

Одбележан патронатот на ОУ „Христо Узунов“ на тема „Синџир алки од стихови ковани“

Post Views: 0 Со отварање на ликовната изложба на дела од основците од „Христо Узунов“, започна Свечената Академија по повод патронот на ова училиште. Директорот Тони Симоноски, рече дека се гордее со успесите на своите ученици и нивните ментори, посебно што се потрудиле се да подготват во една беспрекорна организација со културно уметнички точки посветени на една од најмаркантните личности во Охрид и околината, Христо Узунов. Тој ја нагласи и добрата соработка со збратимените училишта од Србија кои беа дел од свечениот амбиент. „Имавме тркалезна маса и разменивме доста мислења околу...

Continue reading

Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Конески

Post Views: 1 Синоќа во Трпејца во рамките на десеттото издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“ со омаж беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески. Со избор од поезија од Конески и други светски автори настапија: актерката Марија Кондовска, младиот Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер). Поетската вечер под отвореното ѕвездено небо беше збогатена со видео презентација за животот и творештвото на Конески изработена од страна на Милчо Јованоски, вработен во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, а беше емитувано...

Continue reading

Во Охрид одбележан Денот на крводарителството

Post Views: 0   Охриѓанецот Коче Богданоски досега дарувал крв 112 пати. Неговата крвна група е нулта негатив. Вели, дарувам крв затоа што преку овој чин најдобро се изразува хуманоста но и заради сопственото здравје за обновување на крвта. „Чуството е многу добро, захвално, за здравјето уште подобро, секој прв пат кога ќе даруваш, не е тешка работа, присутен е само стресот, но што повеќе даваш крв и самата снага бара, а јас се чуствувам подобро. На секои три месеци дарувам крв и советувам нема потреба некој да се плаши од крводарување, слободно може да дава, ќе се чуствува подобро...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top