Во Охрид одбележан Денот на полицијата

Секторот за внатрешни работи Охрид годинава бележи зголемување на нивната ефикасност во однос на претходните години. Оваа го соопшти портпаролот Стефан Димоски на денешното свечено одбележување на Денот на македонскта полиција и денот на безбедноста.

 |  Николоска Биљана  | 

 

СВР Охрид денес го одбележа Денот на полицијата и денот на безбедноста, 7 ми Мај. Свеченоста се оджа во нивните простории во присуство на ученици, претставници на Локалната самоуправа, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, соработници. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека имаат добра соработка со СВР Охрид, посебно во делот за превенцијата за најмладите.

„Се надевам дека оваа соработка и во периодот што следи ќе продолжи и ќе се прошири се разбира на задоволство на сите нас, бидејќи на почетокот и на крајот од секоја приказна …сепак сите ние тежнееме да живееме во една средина во која што ние и нашите семејства, нашите деца ќе живеат безбедно, среќно и задоволно“ – истакна Јанев.

Стефан Димоски портаролот на СВР истакна дека Секторот како професионална полициска организација ефективно делува во расветлување на кривичните дела.

„Во таа насока во првите 4 месеци од оваа година СВР Охрид има регистрирано 53 % ефикасност во своето работење што претставува зголемување во однос на 47% во изминатиот период, односно во истиот период лани. Оттука можам да кажам дека 175 казнени дела се регистрирани во првите 4 месеци од оваа година и вкупно 208 во периодот ист од јануари до април во минатат година. 315 казнени дела се регистрирани во делот во сообраќајот, додека во истиот период лани таа бројка изнесува 520“- информираше Димоски.

Димоски истакна дека денес на одбележувањето на денот на македонската полиција и ден на безбедноста, гордо кажуваат дека СВР Охрид е современа полициска организација која им служи на граѓаните, со нивната ефикасна работа во одржувањето на јавниот ред и мир, во борбата против сите видови криминалитет, во откривањето на сторителите на казнените дела и во другите сегменти од безбедноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top