Одбележан Денот на Охридското езеро

Одбележан Денот на Охридското езеро.

 |  Валентина Неловска  | 
порака

Во Охрид се одбележа Денот на езерото. Во езерските води  на симболичен начин беше пуштено шише со завет на најмалите , а кој го потпишаа двајцата градоначалници, на Охрид и Поградец,  Никола Бакраческ и Едуард Капри, дека ќе го чуваат езерскиот бисер кој е најголемиот божји дар. Од Охрид беше упатена и пораката дека особено внимание поракатреба да се посвети на најмладите граѓани, кај кои треба максимално да се подигне свеста за заштита на езерото уште од најрана возраст. Првите луѓе на општина Охрид и Поградец, ги изнесоа своите ставови и забелешки во однос на идните и  досегашните преземања за заштитата на езерото. На денот на езерото градоначалниците порачаа дека врвен приоритет е затворањето на колекторскиот заштитен прстен околу овој балкански бисер.

„Реконструкција и надградба на колекторскиот систем околу целото езеро. Тоа е нешто што треба да претставува врвенм државен приоритет и врвен приоритет на сит еинституции кои с езнаимаваат со заштит ана водите секаде во Европа и светото“ предложи при тоа Бакрачески.  
 
И градоначалникот на Поградец, Едуард Капри  ги изнесе своите ставови во однос на преземените  конкретни зафати за да се зачува еден од најголемите водни басени во Европа, какво што е Охридксото езеро. Езерото е заштитено под Унеско од македонска страна, а на албанската страна активно се работи на негова заштита, уште повеќе заради тоа што номинацијата за ставање и на тој дел од езерото на Списокот на УНЕСКО треба да биде завршена најдоцна до март 2017-та.

порака

„ Досега не беа третирани отпадните води од Албанска страна, а сег аима само една локална единица која нема таква заштита и се преземаат сите активности за таа општина да ги третира отпадните води“, истакна градоначалникот на Поградец.

Двајцата градоначалници упатија апел до државите и светски институции да помогнат да се заштити езерото,кое можеби во дваесет и првиот век ќе биде главен извор со питка вода во регионот.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top