Ознака: одбележан

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Post Views: 0 Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето. Градоначалникот, Јован Стојаноски во своето обраќање им го честита патрониот празник на професорите и учениците и им посака и понатака да продолжат да нижат успеси како и до сега.  Во рамки на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел и културно – уметничка програма подготвени од учениците во ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Continue reading

Со дводневен хепенинг во ОУ „Григор Прличев“ одбележан Денот на ретки болести

Post Views: 4 Ученици, родители, наставници од ОУ „Григор Прличев“ со дводневен хепенинг се обединија заедно кон иста цел: грижа и еднаквост. По иницијатива на Советот на родители во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите беше реализиран проектот РЕТКОСТА ИНСПИРИРА. Беше одржан хепенинг во училишниот двор насловен „Петка во боја“ во кој учествуваа децата со музички точки и родителите кои ги обоија своите дланки и оставија отпечаток на ѕидот на училиштето. Сашко Георгиески – Претседател на Совет на родители Само за 5% од...

Continue reading

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Post Views: 2 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува...

Continue reading

spomenik na revolucijata

Во Струга одбележан денот на победата над фашизмот

Post Views: 3 Борците од Струга ја одбележаа 68 годишнината од победата над фашизмот. Воедно го одбележаа и денот на Европа. Во Струга и денес постојат живи сведоци, учесници во НОВ, кои сеуште не ги забораваат дамарите на 4 годишната борба против германскиот окупатор и на нив се сеќаваат како да било вчера. Еден од нив е Илија Балоски. Тој вели дека денешната годишнина е посветена на еден од најславните денови во историјата на македонскиот народ и сите народи во светот. „Периодот од 1941 – 1945 и нешто пред неа беше период на огромно злосторство над народите во светот. Една одредена...

Continue reading

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ОДБЕЛЕЖАН СО РЕВИЈАЛЕН ВАТЕРПОЛО ТУРНИР

Post Views: 0 Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст. Учествуваа ветераните на ватерполо клубовите „АПК Студент“ и „Вардар“ од Скопје,  „Челични“ од Штип, „Струга“ од Струга и домаќинот „Охридски бранови“ од Охрид. Настанот имаше хуманитарен карактер, а донираните средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца. Ватерполо ветераните...

Continue reading

Во Охрид одбележан Денот на Европа

Post Views: 4 Охрид е еден од градовите во земјава каде се прославува Денот на Европа 9 ти мај. Одбележувањето започна со интонирање на македонскта и европската химна. Најмладите во боите на Европа, денес на градскиот плоштад играа, пееа, се дружеа, а беа поставени и штандови на кои беа презентирани европските членки преку бројни ликовни творби а исто така и нивните знамиња. Децата очигледно добро се потрудиле да научат што значи денешниот ден, а посебно открија детали за земјата која ја претставуваат. „Денес се одбележува денот на ЕУ. Денот на ЕУ се прославува затоа што на тој ден...

Continue reading

Одбележан денот на реката Црн Дрим со проектот „Сино–зелено наспроти црно–сиво“

Post Views: 1 Со цел да се подигне свеста на луѓето, особено на младите, за исклучителната универзална вредност на регионот како и да се промовираат конкретни и сеопфатни активности кон зачувување на биодиверзитетот на реката Црн Дрим, нашата земја заедно со соседна Албанија го реализираа проект Сино – зелено наспроти црно – сиво. Традициите се создаваат и тие се нешто вредно бидејќи од нив потекнуваат нови иницијативи и соработки, истакна националниот координатор на проектот „Денот на Дрим“, Дејан Паноски. Настанот „Денот на Дрим“ годинава бележи мал јубилеј, 5 години од одбележувањето....

Continue reading

Одбележан патронатот на ОУ„Христо Узунов“

Post Views: 1 Во Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа, ОУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.На пригодната свеченост на која присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, директорите на јавните претпријатија, родители и наставници, учениците се претставија со богата културно уметничка програма.

Continue reading

Светскиот ден на поезијата одбележан во Охрид

Post Views: 5 Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта. „За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките вечери на...

Continue reading

Одбележан јубилејот на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“

Post Views: 3 На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува адвокатската приказна на овие три охридски семејства за кои правото е повеќе од само професија со која се занимаваат, кои...

Continue reading

Одбележан Светскиот ден на срцето

Post Views: 2 Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости. Онаму каде што нашите...

Continue reading

Во Лагадин одбележан верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија

Post Views: 0 Со служење на света литургија и кршење на погача денес во елитната туристичка населба Лагадин беше одбележан празникот посветен на Вера, Нада, Љуба и мајката, великомаченица Софија. Голем број верници традиционално се собраа во малата црквичка на езерскиот брег и го одбележаа овој христијански празник. Тие со свеќа и молитва си посакаа здравје, љубов и благосостојба. Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред 17 години на иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор, ја изгради малата црква...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top