Post Views: 8
Охридскиот режисер Илија Пиперкоски подготвува документарен филм за Охридското востание кое се случило 12 септември 1913 година. Станува збор за многу малку познат историски настан, во кој македонците на чело со охриѓанецот Петар Чауле и албанците со Сефедин Пустина, по Букурешкиот договор спонтано како револт од срамниот договор се дигнале на востание против српскиот окупатор. За жал востанието било крваво задушено, напоменува историчарот Никола Митровиќ.„На нас младите историчари, уметници и режисери ни припаѓа честа да го популризираме Охридското востание кое...
Post Views: 0
Традицијата продолжува. Годинава по 27 пат ќе се трча интернационалниот охридски атлетски маратон по повод 8 ми септември Денот на државноста. Како што е добро познато Охридскиот атлетски маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 години без прекин до 1993 година. Од 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.
„Охридскиот маратон започна со 4 маратонци, за да нивното учество со...
Post Views: 4
Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна.
Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се напушти...
Post Views: 3
Драма на сред чаршија во Охрид. Се соочуваме со голема неправда од комшиите обвинува Љубица Мишева, која денес се обрати, сметајќи дека нејзиниот глас ќе допре до надлежните институции.
„Овде вратата наша ни ја рушија, ни го оштетија ѕидот комшиите, а вратата лично е наша после 60 години без дозвола ни го зедоа влезот ни ги затворија дуќаните, а ги користевме ние како сопственици. Без да знајме ние дома тие да дојдет овде да ги менвет вративе како може такво нешто какво судство е ова да го прави ова вака од свое да бега да оди под кирија. Сатовите на ЕВН и МЈП Проаква...
Post Views: 3
Процесот на легализација во Охрид се интензивира. Последниве 4 месеци Локалната самоуправа бележи нагорна линија по однос на прегледани, обработени како и комплетно решени предмети. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески појаснува дека наследиле лоша состојба во однос на процесот на легализација. Според него, овој процес се одвивал бавно и неорганизирано. Тоа го поткрепи со фактот дека за две години во рамките на општина Охрид, до 01 април годинава, биле издадени 600 дозволи за легализација, додека пак во последниве 4 месеци односно од 01. април до 1 ви септември, ...
Post Views: 9
Охрид денес се потсети и им оддаде почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Со потонувањето на бродот Илинден животите ги изгубија петнаесет бугарски туристи во чија чест општината подигна паметник на кејот на езерото. Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола положија свежо цвеќе.
Оваа несреќа беше причина повеќе Министерството за транспорт и врски и локалната да поводат уште поголема сметка за безбедноста во водениот сообраќај, рече Гордана Коњаноска, претседателот на на Совет.
Данчо Мичев, преставникот на бугарскиот...
Post Views: 0
Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности. Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти...
Post Views: 9
Во Охрид наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта. Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува. Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство. Охриѓани имаат свое мислење и гледиште зошто ни се случува оваа негативна социолошка појава.
„Економските услови,...
Post Views: 4
Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму...
Post Views: 5
Студијата за гасификација на Македонија презентирана пред градоначалниците на деветте општини членки на Југозападниот плански регион. Целта на студијата е да се разгледа изводливоста во секое населено место, да се спроведе овој проект што на граѓаните би им овозможил нов енергетски систем, поквалитетен, еколошки почист и далеку поевтин. Изработувач на физибилити студијата е фирмата „Гасификација Инжињеринг“ од Скопје.
„Во моментов физибилити студијата е во припремна фаза на собирање на податоци и координација на локалните самоуправи преку центрите за југозападен плански...
Post Views: 8
Монографијата „Минералите од Република Македонија со вовед во минералогијата“ со промоција и во Охрид. Оваа сликовита монографија е резултат на 25 годишно истражување на тројцата главни автори, академик Глигор Јовановски, проф.д-р Блажо Боев и проф.д-р Петре Макрески, но и на триесетината соработници вклучени во овој обемен проект. Според Јовановски, Македонија е мала земја по површина, но според бројот на минералите со кои располага таа е многу богата.
„Во книгата се опишани 66те локалитети во земјава од кои што се собрани минералите и опишани се и изучени окол 80 минерали,...
Post Views: 0
Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата земањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно.
Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат од...