Општина Охрид се вклучува во проектот за гасификација на Македонија

Се изработува физибилити студија за гасификација на Р Македонија.

 |  Маленкова Татјана  | 
gasovod
гасовод

Студијата за гасификација на Македонија презентирана пред градоначалниците на деветте општини членки на Југозападниот плански регион. Целта на студијата е да се разгледа изводливоста во секое населено место, да се спроведе овој проект што на граѓаните би им овозможил нов енергетски систем, поквалитетен, еколошки почист и далеку поевтин. Изработувач на физибилити студијата  е фирмата „Гасификација Инжињеринг“ од Скопје.

„Во моментов физибилити студијата е во припремна фаза на собирање на податоци и координација на локалните самоуправи преку центрите за југозападен плански регион. Согледувањата неможат никако да бидат кажани сега затоа што сме во припремна фаза и нема да има претензија кој регион ќе добие приоритет се додека не се обработи целокупната територија на Р Македонија“, истакна преставникот на Топлификација и инжињеринг Скопје, Катарина Караева.

Општина Охрид во целост ја подржува физибилити студијата. Од локалната велат дека целосно ќе gasovodучествуваат во реализацијата на овој проект, затоа што тој е од исклучително значење како за Р Македонија, така и за економскиот развој на општина Охрид. Тие додаваат дека овој проект мора во целост да се спроведе, затоа што во програмата на локалната самоуправа значајно место завзема отворање на индустриска зона, а за овој проект пак траба поквалитетна, еколошки почиста и поевтина енергија.  
И првиот човек на општина Струга го прифаќа овој предлог затоа што, како што вели истиот е во интрес на граѓаните, но сепак тој е и скептик дека овој голем проект ќе се реализира.

„Таков предлог треба да се реализира. Прашање е само дали овој проект ќе остане само на хартија или навистина ќе се реализира. Јас сум скептик дека нешто такво ќе се случи. Но што се однесува до нас како градоначалници на плански регион јас верувам дека никој нема против да се прифати како проект. Друго е прашањето дали ќе има средства и пари“, истакна градоначалник на општина Струга, Зијадин Села.

 gasovodОд „Топлификација и инжињеринг Скопје“,  уверуваат дека овој проект е многу реален и изводлив за спроведување во земјава. Додаваат  дека студијата ќе биде комплетирана и предадена до месец  март идната година. Дури тогаш точно ќе се знае од која општина ќе се започне развојот на гасификационата  мрежа.За оние општини за кои не е неизводливо да се направи ваква гасификациона мрежа тие предлагаат и други модели, како што е виртуелен гасовод кој успешно функционира во Струмица.
Што се однесува до прашањето, кој ќе го финансира овој проект,   сега засега само зе знае дека главната инвестицион мрежа ќе биде инвестиција на Владата, но дали самостојно ќе го изработува проектот или во корелација со некој друг тоа дополнително ќе се обелодени. Развојот пак  на локалните гасификациони мрежи според првичните најави ќе се прават со јавно приватно партнерство .

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top