Се снима документарен филм за Охридското востание

Се снима документарен филм за Охридското востание.

 |  Валентина Неловска  | 
piperkoski
piperkoski

Охридскиот режисер Илија Пиперкоски подготвува документарен филм за Охридското востание кое се случило  12  септември 1913 година. Станува збор за многу малку познат историски настан,  во кој македонците на чело со охриѓанецот Петар Чауле и албанците со Сефедин Пустина, по Букурешкиот договор спонтано како револт од срамниот договор се дигнале на востание против  српскиот окупатор. За жал востанието било крваво задушено, напоменува историчарот Никола Митровиќ.
caulev
„На нас младите историчари, уметници и режисери ни припаѓа честа да го популризираме Охридското востание кое е на ранг со Илинденското востание. Ова востание се дигнало спонтано и ги обединило македонците и албанците против српската окупаторска власт“.   

Проектот посветен на Охридското востание и одбележувањето на стогодишнината од неговото подигање  е финасирано од Владата на РМ. Режисерот Пиперкоски со овој проект сака да ја заинтересира јавноста, а раскажува и за проблемите при создавањео на филмот кој ќе трае 45 минути.

„  Се трудам на најдобар можен начин да го прикажам овој настан. Имав проблеми со архивските снимки. Додека се трудев да најдам нешто во архивите во Белгард и Софија  наидов на отпор и негативен одговор. Голем дел од тие слики и документи се избришани да не даваат доказ за тие злодела дека овде имало колонизација и масакр“.

Ова е четврт документарец на Пиперкоски по документарците за Петар Шанданов, Христо Матов и Пере Тошев. Продукцијата  е на Илија  Пиперкоски, а музиката ја работел Златко Ориѓански. Документарниот филм ќе биде готов до 12 септември кога е и датумот на одбележувањето на овој историски настан.

На почетокот од октомври ќе биде одржан и историски симпозиум за Охридското востание на кој ќе присуствуваат еминентни историчари од земјата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top