Post Views: 5
Да се изгледа документарен филм од 45 минути, и повеќе, знае понекогаш да биде потрошувач на времето, а особено во време кога секоја минута е важна. Со оглед дека живееме во време на Twitter и Facebook, информациите се побрзи од било кога, па така овој Twitter профил го дава само најдоброто од светот на науката, технологијата, животот, биологијата, механиката и.т.н.
Со близу 200.000 следачи и твитови кои се ретвитани по 19.000 пати @ThingsWork профилот стана прав хит на интернет. Ова е една од оние позитивни работи кои не едуцираат како нештото функционира и не се губи...
Post Views: 7
Објектот на поранешното училиште Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат пократкиот приод до школото Св Климент, а и за минувачите кој поминуваат покрај овој објект.
„ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок пат.
ТВМ го контактираше...
Post Views: 38
Охридското Водно, населбата Чекоштина ќе добие нов лик. Како што изјави Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при општина Охрид, планот за Чекоштина бил донесен некаде во 80 сетите години кој бил изработен по старите прописи. Додава дека согласно Законот за просторно планирање должни биле во рок од 4 години сите претходно донесени планови да се усогласат со новиот закон а во тоа влегува и планот за Чекоштина.
„Таму е предвидено домување во семјени куќи, во станбени згради една локација за црква и таму ќе се реновира и изгради, предвиден е и еден дел зеленило покрај...
Post Views: 4
Договорот помеѓу Исламската држава и Ал-Каеда би можел да предизвика нови проблеми за Американците и нивната стратегија во борбата против Исламската држава која се шири на подрачјето на Ирак и Сирија.
Милитантните челници на Исламската држава и Ал-Каеда постигнале договор за меѓусебно ненапаѓање и за обединување на силите во борбата против заедничките непријатели, изјавил високопозициониран сиријски опозиционер, а пренесува Independent.
Тој рекол дека состанокот се одржал на 2 ноември во Атареб, западно од Алеп, на еден имот, а на состанокот присуствувале седумина високи...
Post Views: 4
Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.
Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната...
Post Views: 9
Проектите на локалната кои ќе се финансираат со кредитот од Светска банка се поблиску до својата реализација. Откако истите ја поминаа фазата на одобрување од страна на оваа реномирана финансиска институција, локалната ги реализираше и тендерот за изградба на инфраструктурните објекти, како и тендерот за набавка на специјалните возила за јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека повеќе економски оператори се јавиле на двата јавни повици.
„Роковите за аплицирање се завршени и сега во овој момент и тендерот за набавка...
Post Views: 3
Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде. Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник.
Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...
Post Views: 11
Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма.
Овој тим на интернационални тренери и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и...
Post Views: 4
Остатоците од храна во пластични кутии, овошје и зеленчукот или разни други намирници лесно можат да направат поприлична конфузија во вашиот ладилник, а тоа ќе ве спречи во брзото земање на шишето омилен пијалок. Благодарение на изумот на Brian Conti, тоа веќе нема да претставува проблем.
Stronge like bull (силен како бик) е името на екстра силниот магнет за стаклени шишиња, кој се поставува на горниот дел од внатрешната страна на ладилникот и така овозможува поголем простор за располагање во овој кујнски уред. Наместо на страниците или на полиците, магнетот овозможува...
Post Views: 1
Со првиот силен ветар и ладните денови се враќаат маките на сите оние кои имаат проблем од чести воспаленија на синусите. Тие се пропратени со неизбежните главоболки каде не помагаат ниту најсилните лекови. Поради тоа подобро е да се свртите кон природните методи за ублажување на болките отколку да пиете разноразни хемиски производи.
Добар сојузник во оваа борба е ренот. Препораката е да го изрендате и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од пола литар и да го затворите. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено промешување....
Post Views: 8
Американскиот џин Microsoft објави дека овој месец ќе го лансира новиот мобилен телефон, Lumia 535 по прифатливи цени за сите пазари, но без брендот Nokia, само неколку месеци откако ја купи финската компанија.
Опремен со најновата верзија на оперативниот систем Windows 8.1, Lumia 535 и Lumia 535 dual SIM ќе имаат отприлика цена од 110 евра пред оданочување, се наведува во соопштението на Microsoft. Овој телефон ќе има на предната страна широкоаголна камера од 5 мегапиксели и 5 инчен qHD монитор.
Паметните телефони кои работат на Windows софтевери, воглавно Lumia, во...
Post Views: 5
Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски.
Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под...