Охридското Водно, Чекоштина ќе добие нов лик

Населбата Чекоштина ќе добие нов изглед. Според новиот  урбанистички план, таму треба да никнат семејни куќи, згради, угостителски објекти и друг вид комерцијални содржини. Планиран е  и простор кој ќе биде хортикултиурно уреден, а ќе има место и за црква.

 |  Николоска Биљана  | 
cekostina
чекоштина

cekostinaОхридското Водно, населбата Чекоштина ќе добие нов лик. Како што изјави Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при општина Охрид, планот за Чекоштина бил донесен некаде во 80 сетите години кој бил изработен по старите прописи. Додава дека согласно Законот за просторно планирање должни биле во рок од 4 години сите претходно донесени планови да се усогласат со новиот закон а во тоа влегува и планот за Чекоштина.

„Таму е предвидено домување во семјени куќи, во станбени згради една локација за црква и таму ќе се реновира и изгради, предвиден е и еден дел зеленило покрај автопатот новиот што се гради согласно законот и насоките Агенцијата за државни патишта, предвидени се комерцијални објекти, дел има угостителски објекти на тој простор“ – вели Арнаудов.

Инаку населбата Чекоштина некогаш наголемо најавувана како Сончев град со децении остана неуредена. Оние малкумина граѓани кои имаа визија дека токму на овој потег ќе се проширува градот купија плацеви и изградија убави куќи. Но населбата иако е на нешто повеќе од 2 км од центарот на Охрид не заживеа. За овој простор имаше и најави за изградба на  спортско рекреативен центар како и изградба на типизирани куќарки.

{laodposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top