Ознака: овој

Sv Nikola

Ограбена црквата св.Никола во Радожда

Post Views: 3 Засега непознати сторители, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец, извршиле кривично дело „Тешка кражба „во црквата „Св.Никола„ во селото Радожда. Непознатите сторители на овој вандалски чин, насилно влегле во црквата  „Св.Никола„ и против-правно одзеле 12 икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со постолје. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, изнесува 1.800.ооо денари. Сторителите, со подесен алат, го скршиле цилиндарот од бравата на влезната врата, обивајки ја со употреба на физичка сила....

Continue reading

ljube gjorsoski

Претставен проектот преку кој ќе се реши проблемот со фекалната канализација во Велешта

Post Views: 2 Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје.  Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се...

Continue reading

nov

Тајниот долап и стрелањето на Радолишани

Post Views: 2 Пред 67 години кога во Струга со жестоки вооружени борби на партизанските единици на Митровден осамнува слободно утро, претходеле многу бурни историски настани. Професор д-р Павле Митрески не потсетува на два од нив. На почетокот од  есента 1944 година поткажана од кодоши, германските окупаторски војници бараат да ја уапсат стружанката позната како храбрата Мајка Марија. Марија  Стефаноска меѓу стружани била позната под овој прекар, а во нејзината  куќа се криеле многу партизани и илегалци од партијата. Мајка Марија го следела примерот на  Илинденците кои во куќите...

Continue reading

Risto vrtev

Враќање на „Архангел“

Post Views: 12 На 26 октомври во Спортскиот центар “Борис Трајковски” овој македонски состав повторно ќе докаже дека македонски подобро звучи. Македонските Архангел и песните кои едно време ги пееше цела Југославија, на 26 октомври во Борис Трајковски на сцена ќе застанат со Македонската филхармонија. Предвидено е да има повеќе од 60 луѓе на сцената. Архангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основачот на овој денес легендарен рок состав е Ристо Вртев. Во својата дискографија, потпишуваат 4 албуми благодарение на кои и денес се сметаат за една од најдобрите...

Continue reading

velesta

Југозападен преку проект ќе го решава пробламот со фекалната канализација во Велешта

Post Views: 3 Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Жителите на Велешта години наназад од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, стравувајќи од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем. Центарот за развој...

Continue reading

volontiranje

Не е лесно да се биде волонтер

Post Views: 2 Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа. Основците од Струга и Словенија заедно учат за предизвиците на волонтерската работа. Волонтерите на виножито, според името на самиот проект, во следните неколку дена, ќе учат како да работат со децата со посебни потреби, како да се грижат за својата најблиска околина,а и за многу други вештини, вели Маргарита Рувинова Ническа – координатор на...

Continue reading

eko katastrofa

Во Велешта се заканува еколошка катастрофа

Post Views: 3 Сериозна а можеби и последна опомена пред еколошка катастрофа. Струшкото село Велешта веќе десет години ги трпи последиците од нерешениот проблем со секундарната канализација. Мештаните велат дека фекалии се излеваат насекаде, постојат отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени, а посебно стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Првиот човек на селото Абдулкадри Шеи, вели дека години наназад, од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, но дека работата оди споро. Тој додава дека...

Continue reading

spomen obelezja

Украдени спомен обележјата во Струга

Post Views: 8 Спомен плочите на лауреатите од струшкиот парк на поезијата, мета на вандалистите. Засега непознат сторител или сторители украле вкупно 27 месингани плочи. Оваа појава во Струга евидентна е веќе подолго време. Тоа не се случува само на плочите од лауреатите, туку и врз неколку бисти на паднатите борци од НОБ, заслужни граѓани на Струга. Очигледно поради замижување на релевантните фактори пред ваквите дела, сторителите имаат одврзани раце да посегнат по криминал од ваков вид. Стружани во неколку наврати укажуваат на тоа и го осудуваат овој вандалски чин.– Тоа само...

Continue reading

kanalizacija

Тргна работата во Враништа

Post Views: 9 Враништани ќе добијат канализациона мрежа. Долгоочекуваниот сон на жителите од струшкото село Враништа, конечно се исполни. Тие после повеќе од две децении конечно ја дочекаа изградбата на канализационата мрежа. Мештаните исполнети со најразлични чуства на радост и задоволство, го кажаа значењето од отпочнување на изградба на овој голем зафат и упатија пофални зборови кон реализаторите на проектот.Никола Затуроски советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е жител на оваа месност, вели чест е да се дочека реализацијата на проектот за изградба на канализационата мрежа. Тој...

Continue reading

Samsung повторно на прво место на мобилниот пазар

Post Views: 4 Samsung долго време доминираше со пазарот на мобилни телефони, но во последно време оваа компанија западна во големи проблеми па од квартал во квартал бележеше големо намалување на приходите, но и намалување на продажбата на мобилни уреди. За време на минатиот квартал тоа го искористи Apple кој во последните три месеци продаде повеќе од 74 милиони iPhone со што го престигна Samsung и го завзеде првото место на мобилниот пазар. Ситуацијата сега полека се менува, иако Apple продаде многу повеќе телефони во однос на истиот период лани (повеќе од 61 милион) таа бројка е...

Continue reading

LG во Њујорк официјално го претстави G4

Post Views: 5 Со оглед на тоа дека имаше доста информации и фотографии пред самото претставување, немаше многу изненадувања. Новиот G4 го покренува нов 6-јадрен процесор Qualcom Snapdragon 808 со 64 битна поддршка, додека за безгрижен мултитаскинг се грижи 3GB работната меморија, односно 32 GB интерната меморија со можност за проширувње со micro SD картичка. Што се однесува до екранот, новиот G4 може да се пофали со LCD QHD екран со дијагонала од 5,5 инчи со одличен агол при гледање во него. Она што е интересно е неговото име – имено, наречен е “Quantum dot”, а наводно така го нарекле...

Continue reading

komarec

Најопасното суштество на планетата

Post Views: 5 Не станува збор за ајкулата, ниту за змијата. Најопасното суштество во светот е маларискиот паразит кој го носат комарците. Низ целиот свет, овој паразит убил повеќе луѓе од сите војни и природни катастрофи. Маларијата ретко се наоѓа во развиените земји, но таа сè уште претставува страшен убиец во тропските региони. Секоја година, болеста предизвикува приближно 2,7 милиони смртни случаи низ целиот свет. Од овој број, речиси 75% се африкански деца. Паразитот кој ја предизвикува маларијата е наречен плазмодиум. Постојат 4 видови од овој паразит и секој од нив има свои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top