Југозападен преку проект ќе го решава пробламот со фекалната канализација во Велешта

Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив.

 |  Татјана Маленкова  | 
velesta
velesta

Центарот на југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со секундарна канализација во струшкото село Велешта. Проблемот кој се провлекува веќе десет години, резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени. Жителите стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив.
Жителите на Велешта години наназад од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, стравувајќи од последиците кои можат да настанат поради овој нерешен проблем.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион започна проект со кој конечно ќе се стави крај на еколошкиот проблем во ова Струшко село.
„Со овој проектот кој се подготвува ќе се реши проблемот со кој локалното население во моментов го има од излевање на фекалната канализација особено во делот кај вВелешта, бидејќи самиот основен проект дава решение за вклучување на тие отпадни води кои доаѓаат од Вевчени и минуваат низ Велешта, но и од неколку Струшки села во нивното опкружување“, вели директорката на центарот за развој на југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска.

velesta„ Првата прелиминарна верзија тој прокет го работи „Метал Електрик“ заедно со „Хидро градежен инжињеринг“, првата прелиминарна верзија ќе ја имаме до крајот на оваа недела, а на основа на тоа ќе се погледнат што се нуди забелешки да се прифатат, а потоа треба да се направи и ревизија. Ќе ангажираме друга фирма која ќе прави ревизија на тој проект и после тоа ќе имаме конечен основен проект кој ќе да де основа за изградба на систем, затоа што таму веќе има цевковод од Фи 500 и на него треба да се проклучи овој дел кој се предвидува во основниот проект. Со тоа би се решил проблемот на локалното население“, вели директор на центар за развој на угозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.

Лозаноска додава дека и проектот Вевчени – Велешта како и проектот за отпадните води од Градиште до Св. Наум на кој се работи во овој период министрството за животна срдина и просторно планирање ги третира како жешки точки, со цел да се заштити животната средина, па поради тоа треба да му се даде приоритет,  поточно да се изнајдт средства за нивна реализација.

Контактиравме и со изготвувачот на проектот друштвото за проектирање и инжињеринг „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје. Директорот не информираше дека пред да го изготват проектот три пари извршиле снимање на теренот. „Проблемот комплетно ќе се реши, затоа што нудиме добри услови, евтино и на задоволство на сите нудиме трајно решение на овој проблем“, додаваат од хидро градежен инжињеринг.   

Инаку Велешта е втора по големина населба на подрачјето на општина Струга оддалечена 8 километри од градот, со 1800 куќи и над 8000 жители. Проблемот со кој се соочуваат жителите на ова Струшко село се провлекува веќе десетина години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top