Samsung повторно на прво место на мобилниот пазар

Не се воодушевени од финансиските резултати, но задоволни со враќањето на врвот

 |  инфодеск  | 

Samsung долго време доминираше со пазарот на мобилни телефони, но во последно време оваа компанија западна во големи проблеми па од квартал во квартал бележеше големо намалување на приходите, но и намалување на продажбата на мобилни уреди. За време на минатиот квартал тоа го искористи Apple кој во последните три месеци продаде повеќе од 74 милиони iPhone со што го престигна Samsung и го завзеде првото место на мобилниот пазар.

Ситуацијата сега полека се менува, иако Apple продаде многу повеќе телефони во однос на истиот период лани (повеќе од 61 милион) таа бројка е сепак помала во однос на претходниот квартал, додека спрема резултатите на аналитичката компанија Strategy Analytics, Samsung испорачал 83,2 милиони смартфони и повторно заседна на врвот на овој пазар. Сепак, во однос на првиот квартал од 2014 година Samsung изгуби осетен дел на пазарот и сега држи околу 24%, а минатата година имаше 31%, додека Apple го зголеми својот удел во однос на минатата година и сега држи 17,7% од пазарот.

Од Startegy Analytics велат дека и покрај сите препреки на азискиот и другите пазари на кои наидува Samsung сепак успеа да се стабилизира и со својата работа да го надмине Apple. Во јужнокорејската компанија се уверени дека најдоброто за нив допрва доаѓа бидејќи минатиот и овој месец започна продажбата на нивните топ модели Galaxy S6 и S6 Edge кои насобраа големи пофалби од корисниците и технолошките новинари и дека овие уреди се вистинските конкуренти на моделите на Apple.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top