Тргна работата во Враништа

30 ти Септември, датум кој ќе влезе во историјата на Враништа. Денес се отпочна со реализација на проектот за изградба на канализационата мрежа во ова место, за што жителите чекаа повеќе од 20 години. Овој зафат е голем и чини некаде околу 77 милиони денари.

 |  Билјана Николоска  | 
kanalizacija
канализација

kanalizacijaВраништани ќе добијат канализациона мрежа. Долгоочекуваниот сон на жителите од струшкото село Враништа, конечно се исполни. Тие после повеќе од две децении конечно ја дочекаа изградбата на канализационата мрежа. Мештаните исполнети со најразлични чуства на радост и задоволство, го кажаа значењето од отпочнување на изградба на овој голем зафат и упатија пофални зборови кон реализаторите на проектот.
Никола Затуроски советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е жител на оваа месност, вели чест е да се дочека реализацијата на проектот за изградба на канализационата мрежа. Тој додава дека изградбата на истиот ќе се одвива во неколку фази, за што средствата се веќе тука.
„Владата, а посебно нашата пратеничка Лијлана Затуроска, се вистинските луѓе за кои треба да зборуваме со почит“, вели претседателот на М.З на Враништа, Ангеле Ставрески. Тој потенцира дека се работи за голем проект, кој години наназад тапкал во место.
Со изградбата на канализационата мрежа селото многу ќе заживее, а воедно ќе се придвижи кон современиот тек на живот во едно општество. Иако теренот за отпочнување со изградба на канализационата мрежа не е баш најидеален, многу ниско се поставени водоводните цевки и престои опасност од нивно оштетување, сепак враништани се подготвени на се, само јамите со кои досега опстојувале, да заминат во забворав.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top